Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангеловска-Бежоска пред Студентското собрание: Финансиската писменост ја намалува сиромаштијата за 2 до 3 п.п.
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ангеловска-Бежоска пред Студентското собрание: Финансиската писменост ја намалува сиромаштијата за 2 до 3 п.п.
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска пред Студентското собрание: Финансиската писменост ја намалува сиромаштијата за 2 до 3 п.п.

Објавено April 15, 2025 17:20
Сподели
Сподели

„Само финансиски едуцирани лица можат да носат издржани финансиски одлуки за штедење, задолжување и за инвестирање од кои ќе зависи и нивната иднина. Има емпириски истражувања коишто покажуваат дека дури половината од доходовната нееднаквост помеѓу луѓето во светот произлегува од разликите во финансиската писменост. А доходовната нееднаквост во изминативе кризни години, по повеќе децении намалување, за жал се зголеми. Според Светската банка, најсиромашните 40% од светското население изгубиле двојно повеќе доход од најбогатите 20%. Ова е највисокиот раст на нееднаквоста од 1990 година па наваму. Финансиската писменост се смета за силна алатка за поттикнување на растот и за намалување на сиромаштијата – според некои студии, дури за 2 до 3 процентни поени.“ Ова беше истакнато од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата „Како познавањето на финансиите ја обликува твојата иднина?“, организирана од Универзитетското студентско собрание при УКИМ.

Во своето обраќање, гувернерката ги претстави и активностите на Народната банка во областа на финансиската едукација, вклучувајќи ја и подготовката на првата национална Стратегија за финансиска писменост и финансиска инклузија, организирањето бројни предавања и работилници, подготовката на едукативни материјали и вклучувањето нови целни групи, како лицата со попреченост. Таа нагласи дека во услови на брзи дигитални трансформации и зголемена комплексност на финансиските услуги, мора и натаму да се вложува во знаењето. Ова е особено важно имајќи го предвид фактот дека според истражувањето на ОЕЦД, стапката на финансиска писменост (56% од максималната вредност) е слична со стапката во регионот, но значително пониска од стапката во Европската Унија.

Настанот беше посветен на унапредување на финансиската писменост кај младите – тема од суштинско значење за личниот развој, но и за економската стабилност на едно општество. На панел-дискусијата учествуваа и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, претседателката на Советот на експерти на АСО, Ели Дракуловска, Дарко Саздов, член на Советот на експерти на МАПАС, и професорот Кирил Јовановски, надворешен комисионер при КХВ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се уште се трага по 26-годишниот кумановец кој е исчезнат
Следна Статија Alcazar Energy Partners и IFC ја прошируваат соработката за развој на ветерниот парк Штип во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Уште еден месец за исплата на К-15, казните за работодавците до 3.000 евра

Компаниите и јавниот сектор до крајот на месецов имаат обврска да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени.…

December 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) За влакно избегната тепачка во Собрание – буџетот ги скара Битиќи и Стојановски

Многу малку фалело да дојде до физичка пресметка помеѓу пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи и Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, за…

November 15, 2024
ЕКОНОМИЈА

Дел од цигарите поскапеа за 10 денари

Дел од цигарите поскапеа за 10 денари, а трговците очекуваат поскапување и на другите. Производителите велат дека го прават поскапувањето…

September 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Дигитализацијата во УЈП штеди време – илјадници граѓани веќе користат нови електронски услуги

Управата за јавни приходи континуирано ја унапредува соработката со даночните обврзници и инвестира во современи услуги што се брзи, сигурни…

August 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?