Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ

Објавено July 12, 2025 18:17
Сподели
Сподели

Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори неколку дена. Рано утрово испративме еден армиски хеликоптер, кој прецизно дејствуваше по линијата на пожартот, но, поради ветрот кој постојано го менува својот правец овој пожар беше многу тешко да се стави под контрола, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

фото: ДЗС

Според него, бидејќи е раширен на поголема територија, претставува опасност да ги зафати и околните шуми.

Во соработка со колегите од грчка страна кои понудија поддршка од два канадери го активиравме Европскиот механизам за цивилна заштита за употреба на овие канадери кои треба да дејствуваат. По потреба на располагање имаме еден полициски и еден армиски хеликоптер, како и два ЕР трактори на ДЗС, затоа што вториот предмалку слета во Скопје, рече Ангелов.

Информира дека предмалку избил нов пожар на територија на Крива Паланка во близина на местото каде беснееше пожарот пред неколку дена.

фото: ДЗС

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, како што информира Ангелов, регистрирани се повеќе од 40 пожари на отворен простор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Исвиркан градоначалникот на Кочани од страна на семејствата на жртвите од „Пулс“
Следна Статија Во 21-ви век нема место за национализам во Европа, кажа Муцунски од Дубровник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мисајловски на министерскиот состанок на НАТО во Брисел: Остануваме силен и доверлив сојузник посветен на вложување во одбраната

-Денеска се обратив на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО каде ги пренесов нашите сегашни и идни приоритети во рамки…

June 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче од Крушево: Илинден е нашиот темел – заедно да ја продолжиме борбата за Македонија!

Го честитам празникот Илинден од историското и храбро Крушево, од каде што тргна револуцијата, од каде што тргна големата борба,…

August 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ацевски: Мерките за спречување родово и семејно насилство не се доволно ефикасни

Заклучокот од Конечниот ревизорски извештај за имплементација на Истанбулската конвенција покажува дека преземените мерки за заштита од родово базирано и…

November 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Во текот на летниот период сите службени возила ќе бидат обележани

Директорот на СОЗР, Ивица Томовски во вчерашното гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека во рамките на Владата…

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?