Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангелов: Избувнувањето на повеќе пожари во истовреме не е случајност, се работи за хибриден напад на Владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ангелов: Избувнувањето на повеќе пожари во истовреме не е случајност, се работи за хибриден напад на Владата
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Избувнувањето на повеќе пожари во истовреме не е случајност, се работи за хибриден напад на Владата

Објавено September 14, 2025 13:25
Сподели
Сподели

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов останува  на ставот дека негова перцепција е оти избувнувањето на пожарите не е случајност и оти се работи за хибриден напад на Владата.

-Од разговорот со сопствениците на „Ф Групација“ во  чиј објект со електронски отпаден материјал во Трубарево вчера избува пожар беше укажано оти настанување на пожар во ваков обем бара сериозен напаор. Самозапалувањето не почнува со толку силен интензитет. Вчера во исто време имавме два пожари. Еве да претпоставиме едниот случајно да избил, но два пожари во исто време веќе не верувам дека се случајност, рече Ангелов на денешната прес-конференција во Владата.

Како што рече, се започнало со Вардариште и кога тоа го средиле и престанала да гори дивата депонија, а чадењето било сведено на минимум и безмалку да го немало, се запалила Дрисла.

-Пред два три дена се запали и депонијата во Шутка, а вчера се запали овој отпад електронски отпад. Значи премногу случајности. Јас во нив не верувам. Имам право да се сомневам, но, морам да укажам дека е многу тешко да се докаже. Ако отидете на лице место, ако некој подметнал пожар трагите изгореле во него. Тоа е нашиот основен проблем. Тешко се докажува, бидејќи ако и некаде воопшто имало камери и тие изгореле. Затоа велам дека мојата перцепција е оти се работи за хибриден напад. За мотивите може да погодуваме, но во средина на септември да има вакви тешки пожари едноставно е неочекувано или невозможно, рече Ангелов.

Додаде дека и при пожарот во Дрисла кога луѓето дошле на лице место по неколку минути линијата на пожарот била подолга од 50 метри, потенцирајќи, оти било невозможно, кога би станувало збор за самозапалување, тој да има таков обем и динамика. Тоа, вели, се случило и вчера.

Нагласува дека и многу од пожарите што се случија летово биле подметнати, и оти во одредени случаи нашле запалени гуми или палети кои мирисале на безнин.

-За повеќе пожари најдовме докази, иако тешко се обезбедуваат докази кои што би биле издржани на суд затоа што тие горат заедно со пожарот. Во една прилика кога објавив фотографија од 30-тина гуми автомобилски тие не беа ставен на куп да бидат запалени врз тревата, туку на повеќе места. Тоа е еден од методите, се премачкува гумата со бензин, се пали, се пушта да се тркала по удолница. Таа влегува во шумата удура во дрвата и по некое време некаде сопира и продолжува со горење, потенцира директорот на ДЗС.

Вчера посочи имало и пожари на отворено во Велес и Пробиштип. Порарот на Пониква, посочи, брзо го изгаснале пред да се прошири во шумата. И за него вели, има основано сомневање дека бил подметнат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Митева: Премиерот е во постојана комуникација со сите надлежни институции, фокусот на Владата е да се спречат поголеми штети
Следна Статија По пожарот во Трубарево: Една пациентка хоспитализирана, на домашно лекување полицаец, припадник на АРМ и директорот на ЦУК

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред

Пратениците на продолжението на 60-та седница со 84 гласа „за“ го донесоа изгласаа Законот за издавање вредносни ваучери, со кој…

July 24, 2025
ХРОНИКА

Започна увидот во опожарената фабрика во Виница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката “Макпрогрес-Винчини” во Виница. Увидните дејствија…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Светскиот шампион од Гостивар се сретна со претседателката

Претседателката Гордана Силјановска го прими повеќекратниот светски шампион Анди Исмаили. Прекрасна средба со извонредниот, вонсериски талентираниот млад танчер Анди Исмаили,…

January 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кошта: Албанија и Црна Гора се понапредни, би можеле да се приклучат кон ЕУ пред другите

Албанија и Црна Гора очигледно се понапредни од другите земји и би можеле да се приклучат кон Европската Унија пред…

May 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?