Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна

Објавено July 6, 2025 15:48
Сподели
Сподели

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, со саркастична порака: „Ова лето гранката нема да ми биде потребна“, алудирајќи на некогашната немоќ на институциите при гаснење пожари.

Ангелов денеска, на воениот полигон Пепелиште, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Љупчо Димовски, министрите Панче Тошковски и Владо Мисајловски, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и други функционери, ја промовираше новата опрема на Дирекцијата.

Според Ангелов, институцијата сега располага со:

18 теренски возила „Пинцгауер“ со резервоари од 1.500 литри (се очекуваат уште 5),

15 оклопни возила БТР-80 со водни резервоари од 6 тона,

5 оклопни возила „Хермелин“ со приклучени цистерни од 2 до 8 тона.

Сите 43 возила се опремени со пумпи со млаз до 100 метри, што, како што беше демонстрирано на терен, значително ја зголемува ефикасноста при интервенции во шумски и теренски пожари.

„Владата располага со ресурси како никогаш досега, распределени преку различни институции. Ова е сериозен чекор кон посилна, поопремена и поефикасна државна одбрана од пожари“, порача Ангелов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хеликоптер на МВР го гасне пожарот над патот кон ГП „Блаце“
Следна Статија Скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Каја Калас најави механизми за одблокирање на македонските евроинтеграции

Има простор да се најдат механизми за да се одблокираат преговорите на Македонија за членство во ЕУ, најави денеска високата…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Новитет на граничните премини: Пасошите ќе се скенираат, „збогум“ на удирањето печат во нив

Во рок од шест месеци од неговото постепено воведување, секој граничен премин во Шенген зоната се очекува да го користи…

December 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

ВО ЖИВО Заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и претседателот на Европскиот совет Кошта

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта како дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, денеска престојува во еднодневна…

May 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашата политика е дипломатија во којашто ќе ги браниме интересите на нашите граѓани и држава

Пораката од Берлин е дека Германија останува наш силен поддржувач, наш сојузник и партнер во евроинтеграциите, порача премиерот Христијан Мицкоски.…

October 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?