Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангелов: Три пожари активни во моментов, деновиве од 20 до 30 пожари на отворен простор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ангелов: Три пожари активни во моментов, деновиве од 20 до 30 пожари на отворен простор
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Три пожари активни во моментов, деновиве од 20 до 30 пожари на отворен простор

Објавено August 15, 2025 18:23
Сподели
Сподели

Генерално, во текот на денот, деновиве, имаме по најмалку 20, па некаде до кај 30 пожари на отворен простор, некои од нив вообичаено се шумски, односно пожари што влегуваат во сериозна шума. Во овој момент, на територијата на државата досега имавме пет пожари на отворен простор, од нив два се целосно изгаснати, три се активни, информираше на попладневната прес-конференција, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

 

За пожарот што со денови се протега на територијата на ловиштето „Јасен“, тој рече дека на еден дел состојбата е многу лоша, горењето со засилените температури се засилувало. За овој пожар, надлежните сметаат дека најверојатно е предизвикан од гром, затоа што како што појасни Ангелов, „оној кој би имал мотив да пали, би запалил поблиску до патот.

Вториот тежок за гаснење пожар, што исто така неколку дена гори, на моменти бил ставен под целосна контрола, потоа повторно горел. Пожарот сега веќе дошол до атарот на село Јажинце, општина Јегуновце.

 

– Но, јас повеќе верувам во негово намерно палење бидејќи едноставно не може сам од себе по неколку дена – повторно да се реактивира, додаде Ангелов.

 

Третиот активен пожар во моментов, што Ангелов го опиша како „пожар во развиток“, е во општина Долнени, на подрачјето на селата Лажани и Средорек.

Исто така, се работи за многу тежок терен за гаснење. Се надевам дека денеска ќе биде ставен под контрола. Но, овој пожар, исто така, може да стане голем предизвик, нагласи Ангелов.

 

Тој истакна дека сите екипи на терен се борат храбро и пожртвувано, даваат сè од себе.

 

– Морам да укажам дека секојдневно имаме силна поддршка од премиерот и Владата, затоа што сè она што ни треба како ресурси, а што државата го има на располагање, го добиваме за рекордно време, додаде Ангелов.

 

Одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека секојдневно наидуваат на докази за подметнати пожари.

 

– Министерството за внатрешни работи работи на расветлување на овие случаи. Но, морам да укажам дека едни од најтешките кривични дела за докажување се токму предизвикувањето пожари, затоа што со пожарот, горат и трагите. Но, има одредени видео – снимки, ќе слушнете мислам дека и во текот на денешниот ден, вчера е фатено лице како подметнува пожар. Но, алармантно е ова што се случува zатоа што, бројот на пожари, ако сега во овој момент беа пет, јас сум сигурен до вечер дека ќе бидат над дваесет. Нешто што е – апсурд. Без човечки фактор, тие не можат да бидат предизвикани, смета директорот на ДЗС.

 

Тој потсети дека не сме единствената држава што во моментов се соочува со пожари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поднесена кривична пријава против ексдиректорката од Демир Хисар за криење службени печати
Следна Статија Зеленски бара тројна средба по самитот Путин–Трамп на Алјаска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Граѓаните најмногу се жалеле за пасошите, информира Народниот правобранител за 2024

Најголемиот број поднесени претставки до Народниот правобранител минатата година (408 или 15,08 проценти) биле од областа на граѓанските состојби, каде…

April 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Мајмунчето Мики на кое посетители му украле дел од роденденските подароци

Од Зоолошката градина во Скопје објавија фотографии од реденденот на малото мајмунче Мики, за кое претходно вработен во ЗОО објави…

March 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

МКД.Мк: Капушевски во 2019-та увезувал отровен мазут од Хрватска

Компанија РКМ на Ратко Капушевски  во повеќе наврати увезла цистерни на смеса на мазут со употребено масло од трансформатори од…

March 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гаши: Во јануари ќе донесеме календар за работа, мора да прекине пристапот дека Собранието е гласачка машинерија за закони

Во Собранието мора да преовлада взаемната почит помеѓу пратениците, па и на различни политички партии. Ако не се почитуваме ние…

December 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?