Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангелов: Шукова сака Ромите да продолжат да живеат во депонијата Вардариште и да ги трујат скопјани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ангелов: Шукова сака Ромите да продолжат да живеат во депонијата Вардариште и да ги трујат скопјани
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Шукова сака Ромите да продолжат да живеат во депонијата Вардариште и да ги трујат скопјани

Објавено September 16, 2025 20:04
Сподели
Сподели

Јас како директор на Дирекцијата за заштита и спасување и уште повеќе како човек, не се согласувам „преживувањето“ на неколку десетина ромски семејства да биде ставено пред животот и здравјето на стотици илјади граѓани на Скопје кои секојдневно вдишуваат отрови настанати од согорување на кабли и друг токсичен отпад. Бидејќи, за мене, животот, здравјето и безбедноста на граѓаните секогаш се на прво место, реагира Стојанче Ангелов откако Каја Шукова го нападна за силеџиство, нечовечност и за дискриминација на една цела заедница.

Во денешната реакција кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вели: „Изјавата на Стојанче Ангелов дека Ромите во Вардариште требало насилно да бидат иселени е тешка и опасна навреда што го открива вистинското лице на оваа власт“.

Ова значи дека Шукова сака овие Роми да продолжат да живеат во депонија. Сака овие Роми да продолжат да палат кабли и друг токсичен отпад предизвикувајќи дополнителни пожари во депонијата Вардариште со што го трујат цело Скопје. Сака узурпација и небезбедни дивоградби на државно земјиште.

Чисто како информација, би било убаво кога Шукова би позборувала со претставници на неколкуте здруженија на граѓани кои се борат против загадувањето кое се шири од дивата депонија Вардариште. Притоа нека ги запраша колку пати вербално и физички се нападнати од лица кои најверојатно живеат во дивата населба во Вардариште – напиша Ангелов.

Кандидатката Шукова истакна дека Ангелов и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во немоќ ниту да спречат, ниту да откријат виновници, а уште помалку да најдат исправно и хумано решение за луѓето, напаѓаат и дискриминираат цела заедница.

Со кое право Ангелов кажува дека Ромите кои живеат во Вардариште требало „на сила да бидат иселени“? Ова е врв на нечовечноста, но и злоупотреба на луѓе од најниските слоеви за да се оправда нивната неспособност да направат нешто за да се спречат пожарите – рече Шукова.

Министерот Тошковски вчера изјави дека прво треба да се иселат 200 лица од депонијата за таа да може да се исчисти и повеќе да не претставува закана за воздухот во Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нова измама: Жена од тетовско дала 14.000 евра за купување стан во Германија
Следна Статија „Почина гениј“: Холивуд се простува од Роберт Редфорд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Армијата е институција што ужива најголем углед во државата, вели Сиљановска Давкова

Претседателката и врховен командант на Вооружените сили на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор…

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани, информираат од Црвен крст

Досега се собрани 156.542.967 денари во рамки на апелот на Црвениот крст на Македонија за поддршка на настраданите од катастрофалниот…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Државата оваа година е поподготвена за справување со пожарите

Претседателот на владата Христијан Мицкоски, денес на Криволак беше на промоција на противпожарни возила. Тој во изјава за медиумите рече…

July 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Херојот од Чучер-Сандево, младиот волонтер Иван Кукуновски е во стабилна состојба

Младиот волонтер Иван Кукуновски е во стабилна состојба и е згрижен на Клиниката за токсикологија во Скопје. Оваа информација ја…

July 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?