Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Во октомври ќе се промовира апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Во октомври ќе се промовира апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Во октомври ќе се промовира апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик

Објавено June 3, 2025 08:25
Сподели
Сподели

Министерството за дигитална трансформација работи на дигитална апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик, а ќе имаат пристап и до најновите услуги или најбараните услуги, најави министерот Стефан Андоновски.

Андоновски, во интервју за „360 степени“ вели дека станува збор за „дигитален паричник“, што многу наликува на „Гугл волет“ или „Епл волет“, што значи дека електронската верзија на личната карта и возачката дозвола ќе бидат спакувани во апликацијата и ќе може граѓаните да ја покажат за да се легитимираат. Во втора фаза на проектот, како што најави, ќе биде овозможено и електронско потпишување и целосна биометриска верификација.

Добивме позитивен одговор од програмата „Дигитална Европа“, реализацијата требаше да започне во јануари 2025 година, но поради интерни процедури во Европска Унија почетокот беше највен за јуни 2025 година и ние подготвувајќи се, ја имаме модел-верзијата на апликацијата – изјави Андоновски, посочувајќи дека станува збор за проект што е меѓународно партнерство со Министерството за дигитална трансформација на Украина, заедно со програмата „Дигитална Европа“ од којашто добивме грант од над еден милион евра.

Андоновски, најавува дека на дигиталниот самит што ќе се организира во Скопје на 1 и 2 октомври годинава ќе биде промовирана тест-верзијата или демоверзијата на апликацијата за првите корисници да можат да ја симнат на својот мобилен телефон и да ја користат.

Апликацијата, посочи Андоновски, засега ќе чини бесплатно затоа што добивме грант од над еден милион евра од „Дигитална Европа“ од ЕУ и дополнително средства за развој на порталот за услуги, на којшто оваа апликација му е практично близнак.

Во првата фаза, според Андоновски, граѓаните нема да имаат никакви трошоци, додека во следната фаза кога ќе се вклучи дигиталниот потпис, биометриската верификација, може да се појавуваат некакви трошоци.

Андоновски, меѓу другото, посочува дека новиот закон за сајбер безбедност ќе ги зајакне институциите во превенција од хакерски напади, посочувајќи дека законот предвидува формирање неколку тела – Национален координативен совет за сајбер безбедност, Сектор за сајбер безбедност (во МДТ) и владин центар за одговор на инциденти.

Прашан дали Владата планира носење регулатива за криптовалути, Андоновски, вели дека иднината на финансискиот сектор се криптовалутите и доколку светот се движи во оваа насока, земјава нема друга опција освен да размислува за регулација.

Според министерот, земјава е соочена со два предизвици во моментов – едниот е да се прифати реалноста и да се признае дека криптовалутите постојат и се тргуваат во Македонија, а другиот е дека преку исполнувањето на целите на Реформската агенда се движи кон Европската Унија и оти треба да се следи регулативата на Унијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Газдата на Панатанаикос може да заглави затвор поради недолично однесување
Следна Статија МЗТ Скопје ја одбрани титулата во домашното првенство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Без кавги, алкохол, мрзеливост: Што треба а што не да се прави на Велики понеделник

Последната седмица пред Велигден (Пасха) е Страдална или Страстна седмица, Седмица на маките (страст е црковно-словенски збор и значи: мака,…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Честитки до Шеќеринска, идниот заменик-генерален секретар на НАТО и до премиерот Мицкоски и Владата што ја поддржаа нејзината кандидатура

Американската амбасадорка Анџела Агелер упати честитка за изборот на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Честитки до Радмила…

November 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Еден осуденик државата ја чини над 10 илјади евра годишно, крајна цел е намалување на затворската популација

Еден затвореник државата ја чини околу 2 100 денари на ден или над 10 илјади евра годишно, во зависност од…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Oбвинителството тврди дека целосно е разбиен криминалниот клан „Беланоца“ кој стои зад убиствата во „Шиша бар“ и Ханиоти

Обвинителство за гонење организиран криминал на дешенниот брифинг потврди дека е целосно разбиена крииналната група „Беланоца“ и втора група која…

May 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?