Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: До 2035 година Македонија целосно дигитализирана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: До 2035 година Македонија целосно дигитализирана
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: До 2035 година Македонија целосно дигитализирана

Објавено June 4, 2025 11:19
Сподели
Сподели

Се движиме кон дигитално општество, но не смееме да бидеме следбеници на трендовите, туку треба да ги креираме заедно со развиените држави. Ова прашање не познава граници, секоја земја, дури и најмалата, ако има добар ИТ потенцијал кај кадарот и добри навики кај граѓаните, како и ако гради дигитална инфраструктура, може да прави квантни чекори напред, изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски пред почетокот на конференцијата што ја организира Блумберг Адриа.

Андоновски ја гледа Македонија целосно дигитализирани во 2030 -2035 година. Тоа, напомена, е стратегијата на Владата.

Нашата стратегија е се што е процес во позадина во јавната администрација да биде дигитализиран за да понуди добри услови за водење бизнис, за раст на економијата и за благосостојбата на граѓаните, потенцира Андоновски.

Според него, последните податоци покажуваат дека растот на ИКТ индустријата од над 4,4 отсто е еден од клучните во зголемувањето на БДП.

На тој начин треба да размислуваме. Ова е нашиот потенцијал, нашата компаративна предност во однос на другите држави. Немаме големи минерали ресурси, не сме голема територија, немаме многу население, но компаративно сме подобри во ИТ индустријата и тоа треба максимално да го искористиме, нагласи министерот.

Фокус на конференцијата е трендот на потрошувачите, а присуствуваат претставници од бизнисот, стопанските комори, јавните институции, науката и аналитичари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вајц го повлече денешното гласање за нацрт извештајот за Македонија
Следна Статија ДУИ: Албанците никогаш нема да ја прифатат оваа фарса

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

РСЕ: Двојните аршини на обвинителите и судиите

Како функционираат некои обвинители и судии пример е акцијата на полицијата по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на…

March 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Четворица од повредените лица во пожарот во Кочани денеска се враќаат од странство

Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани кои се лекуваа во…

April 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Предупредување од ИЈЗ: Водата нема веднаш да биде безбедна за пиење по нејзиното пуштање

Институт за јавно здравје претходно даде насоки за подготовка до граѓаните, здравствените лица и угостителските објекти во контекст на тековното…

December 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување

Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи…

December 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?