Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Од наредната година целосно автоматизирано пријавување на новороденче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Од наредната година целосно автоматизирано пријавување на новороденче
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Од наредната година целосно автоматизирано пријавување на новороденче

Објавено October 7, 2025 13:29
Сподели
Сподели

Владата и Министерството за дигитална трансформација реализираат уште едно предизвборно ветување. Министерството од почетокот на годината, формираше работна група помеѓу повеќе инстутции, меѓу кои Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги, Министерството за здравство-Управа за електронско здравство и соодветните јавни здравствени установи, за постигнување целосна автоматизација во издавањето на првиот извод од матична книга на родени за новороденчиња (Проект: е-бебе), изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Проектот е-бебе, кој е поддржан и од канцеларијата на УНИЦЕФ, предвидува првиот извод родителите да го добијат во болница, најдоцна до 48 часа од раѓањето на бебето.

-Министерството за дигитална трансформација, искористувајќи ја Националната платформа за интероперабилност и Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk, спроведе поврзување на сите засегнати институции во процесот за целосно автоматизирано пријавување на новороденчето. Во втората фаза на проектот се поврзуваат и услугите за здравствено осигурување од Фондот за здравство, како и услугите на помош за новороденче кои ги издаваат Министерството за социјална политика, демографија и млади, истакна Андоновски.

Од родителите ќе се бара да имаат профил на ниско ниво на Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk.

Со посветена работа на работната група, наша определба е целосна реализација на проектот до јануари 2026 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лабудовиќ: Центар ќе биде современа и дигитална општина (ВИДЕО)
Следна Статија Запленети над 1.000 часовници „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ на Богородица, увезени од Кина чинеле 60.852 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Г.Г.Стефан: Благодарејќи на Светите браќа Кирил и Методиј го славиме Бога на свој јазик

Нема поприлично место од Охрид и македонската светиња над светињите - црквата „Света Софија“ за празнување и одавање почит на…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

УКИМ годинава испадна од листата најдобри 2.000 универзитети според CWUR

Државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје не е дел од листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерство за социјална политика, демографија и млади: Правото на протест е загарантирано

Во врска со изјавата на Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани – УПОЗ,…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас денеска во Лондон го…

May 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?