Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Од Охрид почна промоцијата на порталот на кој ќе има 200 електронски услуги за граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Од Охрид почна промоцијата на порталот на кој ќе има 200 електронски услуги за граѓаните
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Од Охрид почна промоцијата на порталот на кој ќе има 200 електронски услуги за граѓаните

Објавено August 31, 2025 14:42
Сподели
Сподели

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска беше присутен во Охрид, каде што го означи почетокот на кампањата за промоција на Националниот портал – uslugi.gov.mk.

Денеска со големо задоволство можам да кажам дека ја отпочнуваме кампањата за промоција на порталот uslugi.gov.mk. Почнуваме од Охрид, а планирани се едукативни дружења низ цела Македонија, за да го промовираме порталот кој што нуди вкупно 300 електронски услуги за граѓаните“, изјави Андоновски.

Министерот додаде дека овие теренски активности им нудат можност на граѓаните со помош на вработените во Министерството за дигитална трансформација да креираат кориснички профил или да го подигнат нивото на Системот за единствена најава (СЕН).

Во извештајот на ДЗР за 2024 година една од забелешките беше дека е потребна зголемена промоција на порталот, од таму произлегува и оваа едукативна кампања за Националниот портал uslugi.gov.mk. Со добра организација успеавме за една година да го зголемиме бројот на корисници на порталот за нови 70 илјади корисници и повеќе од 9 илјади трансакции месечно.“ заврши министерот.

Андоновски додаде дека секоја искористена услуга на порталот претставува скратено време за граѓаните и зголемена ефикасност на институциите.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: Новата учебна година ќе ја започнат 245 илјади ученици со учебници за сите и подобрени инфраструктурни услови
Следна Статија ПИЈАНИ ВОЗАЧИ НА ПАТИШТАТА Жена фатена со 3,20 промили во Струмица, еден маж со 3,47 во Струмица и еден со 1,99 во Куманово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филков најавува ново решение за конфискација

Министерството за правда подготвува нов Предлог-закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, со кој треба да се доуреди постапката…

May 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во дводневна посета на Србија по повод меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска и утре ќе престојува во дводневна посета во Република Србија по…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми

Собранието попладнево во рамки на 40. седница изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска и Селим Адеми, а…

March 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Борбата беше жестока“: Мицкоски за случувањата околу извештајот за Македонија на Вајц

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска со усвојувањето на извештајот на Томас Вајц во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на…

June 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?