Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Ќе ги забраниме сите нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Ќе ги забраниме сите нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Ќе ги забраниме сите нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа

Објавено March 7, 2025 08:59
Сподели
Сподели

Во вестите на ТВ Алсат М, гостуваше министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Тој се осврна на онлајн игрите на среќа, кои се приредуваат како што напомена тој, од нелегални приредувачи на игри на среќа, а за жал, младите се заразени од оваа пандемија.

„Нашите граѓани се заразени од оваа пандемија, особено младите, особено тинејџерите кои што немаат наполнето 18 години и не можат да учествуваат во игрите на среќа кои што се организираат јавно во градовите, односно не е легално тоа да го прават па го наоѓаат овој онлајн начин, преку овие нелегални приредувачи на игри на среќа“, нагласи Андоновски.

Андоновски потенцираше дека проблемот е голем, бидејќи граѓаните ги користат своите лични картички и сите информации без проблем ги споделуваат со непознати сајтови, а потоа лесно можат да бидат искористувани.

„Суштинскиот проблем тука е што се користат кредитни и дебитни картички на граѓаните, кои што не знаеме каде се испраќаат како податок, име, презиме и други информации од лична карта на граѓанинот, исто така не знаеме каде се испраќаат’’, појасни министерот за дигитална трансформација.

Тој дополни дека граѓаните во однос на овие онлајн коцкарници, самоволно ги даваат овие информации, па потоа многу често се измамени, односно се крадат пари од картичките.

Со измените на Законот за електронски комуникации ќе ги забраниме сите нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа во соработка со АЕК и граѓаните нема да можат да пристапуваат на овие сајтови“, дециден е Андоновски.

Андоновски на крајот заклучи дека имаат во план во иднина, доколку се формираат нови нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа, тие веднаш да бидат отстранети.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на скопскиот Клинички центар
Следна Статија Украл обетки од 710.000 евра, па ги голтнал додека го апселе- полицајците шокирани (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сашо Мијалков времениот отпуст од затвор го тера во Монте Карло, објави Вечер.мк

Се врти видео на порталите и социјалните мрежи дека Сашо Мијалков со Ферари од 700.000 евра е во Монте Карло……

January 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кај 70 до 80% од објектите воочени огромни неправилности

Кај 70-80 отсто од угостителските објекти имало огромни неправилности. Владата крои акциски план за да прогласи мораториум за да се…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Притвор за Крешник Бектеши

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши ќе заврши во притвор за следните 48 часа, исто како и поранешниот директор на…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

И единствениот противпожарен апарат што се гледа на една од снимките не бил соодветен

– Противпожарниот апарат што се гледа на една од снимките со кој се гаси почетниот пожар е несоодветен, наменет е…

March 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?