Руската тенисерка Мира Андреева го освои Отвореното првенство на Франција 2026.
Во финалето на „Ролан Гарос“, осмата светска тенисерка попладнево ја победи Маја Хвалинска од Полска во два сета, со 6:3 и 6:2.
Мечот траеше 1 час и 23 минути.
Русинката сервираше еден ас, направи две двојни грешки и реализираше четири од седум брејк топки.
Нејзината противничка немаше ас, имаше две двојни грешки и реализираше две од три брејк топки.
Деветнаесетгодишната Андреева ги играше своето прво Грен слем финале и стана првата Русинка од 2014 година што ја освои титулата. Мира ја освои својата шеста титула во поединечна конкуренција и трета во сезоната 2026.
Дваесет и четиригодишната Хвалинска го започна својот настап на Ролан Гарос во квалификациите и стана втората квалификантка во Отворената ера што стигна до финале на Гренд слем. Таа во кариерата има освоено само турнири од ВТА 125 и ИТФ.
