Горан Андреевски, кој јавноста го знае како кошаркарски тренер е носител на советничката листа во Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ. Тој во разговор за „Република“ вели дека како жител на општината секојдневно е сведок на проблемите,но и памети како се живеело порано во Центар. Тој посакува да се вратат времињата кога според него Центар било најубавото место за живеење.
Моменталната ситуација во која се наоѓа општината, начинот на кој што живееме ме инспирирааше да се обидеме да промениме нешто за подобар живот на граѓаните на Општина Центар , објаснува Андреевски за причините зошто одлучил да влезе во политиката.
Тој жали што многу работи се променети во Центар од минатото.
Се изгуби духот на Центар, начинот на кој што живееме, иако современиот начин на живеење си го прави своето.Малскиот живот се изгуби во Центар за разлика од другите општини каде се уште каде се уште се живее тој маалски живот.
Повеќе на Република