Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анима мунди: Од бели комбиња се пуштаат глутници бездомни кучиња (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Анима мунди: Од бели комбиња се пуштаат глутници бездомни кучиња (ВИДЕО)
МАКЕДОНИЈА

Анима мунди: Од бели комбиња се пуштаат глутници бездомни кучиња (ВИДЕО)

Објавено February 15, 2025 12:33
Сподели
Сподели

Бели комбиња во раните утрински часови пуштаат цели глутници на кучиња во урбаните средини. Од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ предупредуваат дека овие кучиња најчесто не дозволуваат близок контакт, што укажува дека доаѓаат од средини каде што немале човечки контакт или, пак, биле изложени на лош третман.

„Станува збор за кучиња со голем раст, несвојствени за урбаните средини. За нивното заловување и транспорт е потребна опрема, логистика и соодветен транспортен капацитет, што укажува на поголема организирана активност“, велат од „Анима мунди“.

Дополнително, од „Анима мунди“ алармираат дека приватни ветеринарни амбуланти нудат нелегални услуги за дислокација на бездомни кучиња.

„Контактиравме една амбуланта како правно лице и без никаков проблем ни беше понудено кучињата да бидат „однесени доволно далеку за да не се вратат“. Каде завршуваат овие животни?!“, прашуваат од здружението.

Тие бараат итна реакција од институциите:

„Министерството за внатрешни работи да отвори истрага, да прегледа камери и да санкционира вакви случаи. Агенцијата за храна и ветеринарство да ја зајакне контролата врз прифатилиштата и фирмите што вршат заловување. ЗЕЛС да дискутира со општините и да ја спречи оваа пракса на префрлање на проблемот наместо спроведување на програмата „Залови, стерилизирај, вакцинирај и врати“, потенцираат од „Анима мунди“.

Од Здружението нагласуваат дека проблемот нема да се реши со прикривање, туку со доследно спроведување на хуман третман на бездомните кучиња.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Премиерот Мицкоски оствари средба со претседавачот на Минхенската конференција за безбедност, Хојзген и со хрватскиот премиер Пленковиќ
Следна Статија Дневен хороскоп за Овен – сабота, 15 февруари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Рис качен на дрво снимен во шума во кичевско (ВИДЕО)

„Магична средба со балканскиот рис меѓу боите на есента. Снимено од Љутфи Османи, член на здружението „Еко Фазан“. Присуството на…

October 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

На Дојранското Езеро повторно му се заканува еколошка катастрофа

Според мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро скоро една година постојано е околу 80 сантиметри…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Супорт Кочани“ : Собравме близу 11 милиони денари и ги поделивме на 137 лица

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат…

November 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кривичен го одобри во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“

Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое се одобрува во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“, по што оформен…

May 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?