Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анкета на ИПИС: За ВМРО-ДПМНЕ на парламентарни избори ќе гласаат 26 проценти, за СДСМ 9,8, Мицкоски со најголема доверба меѓу политичарите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Анкета на ИПИС: За ВМРО-ДПМНЕ на парламентарни избори ќе гласаат 26 проценти, за СДСМ 9,8, Мицкоски со најголема доверба меѓу политичарите
МАКЕДОНИЈА

Анкета на ИПИС: За ВМРО-ДПМНЕ на парламентарни избори ќе гласаат 26 проценти, за СДСМ 9,8, Мицкоски со најголема доверба меѓу политичарите

Објавено December 20, 2025 13:33
Сподели
Сподели

Доколку следната недела има парламентарни избори за владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 26 проценти од граѓаните, а за опозицискста СДСМ 8,9 проценти. Најголема доверба од политичарите граѓаните имаат во премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и мнозинството од нив ја поддржува примената на системот „Безбеде град“. Тоа го покажуваат денеска објавените резултати од истражувањето на Институтот за политички истражувања (ИПИС) „Перцепција на граѓаните за рејтинг на партии и политичари“, спроведено преку телефонска анкета меѓу 15 и 18 декември годинава на 1114 полнолетни испитаници на ниво на државава.

На прашањето „За која партија би гласале доколку следната недела има Парламентарни избори?“ 26 проценти од испитаниците рекле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ“, 9,8 проценти за опозициската СДСМ, 8,9 проценти за Коалиција ДУИ, 8,2 проценти за Коалиција ВЛЕН, 5,9 проценти за Левица, 3,9 проценти за ЗНАМ, а 1,7 проценти за друга партија. За ниедна партија нема да гласаат 13, 1 процент, а 11 проценти од испотаниците не сакале да кажат, додека 11,7 проценти рекле дека не знаат или немаат одговор.

Printscreen / Aнкета на ИПИС

Според истражувањето, на прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба?, кај 27,3 проценти од испитаниците одговорот е Христијан Мицкоски, додека 25,5 проценти дале одговор – ниеден, а 9,5 проценти не знаат или немаат одговор. Девет проценти имаат најголема доверба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, 5,1 процент во претседателот на СДСМ Венко Филипче, 5 проценти во Димитар Апасиев од Левица, 3,8 проценти Максим Димитриевски. Следуваат со 3,5 проценти Изет Меџити, 2,8 проценти Билал Касами, 2,3 процент Африм Гаши, 2,1 процент претседателката Гордана Сиљановска Давкова, 1,3 проценти поранешниот претседател Стево Пендаровски, 1,1 процент поранешниот премиер Никола Груевски.

Printscreen / Aнкета на ИПИС

Позитивно милсење за работатата на Владата имаат 26,1 процент од испитаниците, 26 проценти со одговор – донекаде позитивно, 23,4 проценти – негативно, а 17,9 проценти – донекаде негативно.

Целосна поддршка за системот „Безбеден град“ односно поставување камери за мерење на брзина и други сообраќајни прекршоци има од мнозинството од испитаниците, 63,9 проценти, 12,6 проценти одговориле – донекаде да, 7,5 проценти – не воопшто, а 5,2 проценти – донекаде да.

ИПИС соопшти дека истражувањето е реализирано со користење на случаен примерок стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него биле запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје е земено како посебна целина заради своите посебности.

– Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС, се вели во информацијата од ИПИС.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ChatGPT лансира продавница за апликации и им дава до знаење на развивачите дека е отворен за соработка
Следна Статија Осомничениот за пукање на Универзитетот Браун пронајден мртов во Њу Хемпшир, исто така уби професор на МИТ, велат службените лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се обрати на CPAC, ја отвори можноста за американски инвестиции во стратешки проекти во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на конференцијата CPAC – големиот десничарски настан кој се одржува во Вашингтон, а на кој…

February 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Четири девојчиња им го стоплија срцето на скопските пожарникари: „Кога телото ти се предава…, благодариме што ни го вративте здивот“

Пожарникарот Васе од скопската противпожарна бригада сподели на социјалните мрежи дека по напорниот ден, ги чекало вистинско изненадување во базата.…

July 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Опасност од уривање карпи во Матка, движењето по патеката е забрането

Општина Сарај објави дека движењето по патеката Матка е забранет поради опасност од уривање на карпи. Според општината, одлуката е…

February 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Утре е Духовденски понеделник, ова се обичаите кои носат благосостојба и среќа

Во понеделникот по неделата на Педесетница, се совршува празнување во чест на Светиот Дух. Тој празник бил востановен од Црквата…

June 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?