Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анчелоти: Абрамович ми даде отказ зошто го сменив неговиот омилен играч
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Анчелоти: Абрамович ми даде отказ зошто го сменив неговиот омилен играч
СПОРТ

Анчелоти: Абрамович ми даде отказ зошто го сменив неговиот омилен играч

Објавено September 28, 2025 14:54
Сподели
Сподели

Карло Анчелоти откри како Роман Абрамович му го отежнал животот во Челси и зошто на крајот го остави без тренерската позиција.

Карло Анчелоти е еден од најуспешните фудбалски менаџери во историјата, но признава дека неговото време во Челси било поинакво од сите други ангажмани.

Славниот италијански тренер открива во својата нова автобиографија дека животот под рускиот олигарх Роман Абрамович бил постојана борба, која имала малку врска со фудбалската слобода.

„Абрамович беше како упорна сенка која секој ден стоеше над мене“, напиша Анчелоти.

 

Анчелоти пристигна на „Стемфорд Бриџ“ во 2009 година и на клубот му донесе титула во Премиер лигата и ФА куп уште во првата сезона. Се очекуваше тоа да биде долгогодишен проект, но реалноста беше поинаква.

Имав фантастични моменти во Челси, но чувствував дека секој триумф е само почеток. Со Абрамович не можеше да се дише“, се сеќава Италијанецот.

 

И покрај историската двојна круна, следеше сурова реалност. Челси не успеа да ја одбрани титулата и испадна од Лигата на шампионите во четвртфиналето против Манчестер Јунајтед. Анчелоти веднаш беше разрешен, точно во ходникот на стадионот на Евертон.

Според Анчелоти, она што Абрамович го разликувало од другите сопственици бил неговиот пристап.

„По поразот од Виган во септември, тој веќе следниот ден беше лично на тренинг. Бараше објаснувања како да е дел од тренерскиот тим. Ниту еден друг сопственик, било тоа Берлускони, Ал-Келаифи или Перез, не беше толку вклучен во секојдневната работа.“

Абрамович бил опседнат со еден трофеј, Лигата на шампионите.

„Јасно даде до знаење дека неговата цел е Европа. Премиер лигата или домашните натпреварувања не му беа доволни“, додава Италијанецот.

 

Тешката ситуација ја дополнуваше и фактот што клубот пред Анчелоти го водеше Жозе Мурињо, со кого Абрамович прекина соработката во 2007 година. Меѓутоа, Португалецот веднаш се потсети – токму неговиот Интер го елиминираше Челси од натпреварувањето во 2010 година.

„Триумфот на Мурињо беше проблем за мене. Требаше да бидам спротивност на Мурињо, да докажам дека неговата ера завршила. Но, натпреварите со Интер покажаа спротивно и тоа ја ослабна мојата позиција“, призна Анчелоти.

Клучниот момент се случи една година подоцна. Челси се соочи со Манчестер Јунајтед во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а Анчелоти одлучи да го замени Фернандо Торес на полувреме. Шпанецот, кој беше потпишан за рекордни 50 милиони фунти, не беше во форма.

„Торес се бореше сам со себе, му беа тешки и главата и нозете“, се сеќава Анчелоти.

„Знаевме дека му треба време, но мене ми требаше резултат.“

Абрамович го доживеал овој потег како лична навреда.

„Замената на Торес беше директен сигнал до сопственикот. Во тоа време заборавив дека сопственикот никогаш не можеш да го победиш“, пишува тренерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во интерес на сите е изборите да бидат демократски, порача Кондарко
Следна Статија Директор на училиште избркал од работа Наставник по физичко оти мислел дека е од СДСМ и го заменил со наставничка по македонски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Сурова одмазда: Дончиќ со трипл-дабл го згази Далас (ВИДЕО)

Лука Дончиќ со трипл-дабл ги предводеше ЛА Лејкерс до победата на неговиот довчерашен тим Далас Маверикс 107:99. Словенецот, кој го…

February 26, 2025
СПОРТ

Македонија вечерва во Велс игра за историја

Македонската фудбалска репрезентација е во Велс каде вечерва го игра одлучувачкиот натпревар за пласман на второто место во квалификациската група…

November 18, 2025
СПОРТ

Дончиќ и Леброн ги решија Клиперс (ВИДЕО)

Лука Дончиќ го прослави 26. роденден со 31 поен и нова победа за Лос Анџелес Лејкерс, овојпат во градското дерби…

March 1, 2025
СПОРТ

Барса може да го купи Вилијамс само ако продаде играч со висока плата – двајца такви се во опција

Иако најпрво се велеше дека не го сакаат ова лето, од Барса почнаа сериозно да се интересираат за Нико Вилијамс…

June 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?