Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Апасиев: Забраната за рекламирање на Левица ќе заврши во Стразбур
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Апасиев: Забраната за рекламирање на Левица ќе заврши во Стразбур
ПОЛИТИКА

Апасиев: Забраната за рекламирање на Левица ќе заврши во Стразбур

Објавено September 25, 2025 17:37
Сподели
Сподели

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, жестоко реагираше на одлуките и упатствата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Државната изборна комисија (ДИК), обвинувајќи ги за лицемерие и селективен пристап кон различни политички партии, се наведува во соопштеннието од Левица.

Во продолжение реакцијата

„Видете го лицемерието на АВМУ и ДИК. Кога беше за ‘Независните’ не им беше проблем да се стават во улога на законодавец и со подзаконски акт да регулираат правна празнина. Кога е за ЗНАМ, дури во Упатството за платено политичко рекламирање измислуваат и нов вонзаконски термин ’поддржувач’ (иако законот оперира само со терминот ’коалиција’), за да може ВМРО-ДПМНЕ да им ги плаќа рекламите на ТВ на Максо, иако не се формално во коалиција и имаат две бројчиња. Ама кога е за Левица – не можеле они да толкуваат!? “ пишува на социјалните мрежи Апасиев.

Тој потсети дека целта на законот е сите партии, и парламентарни и вонпарламентарни, да имаат еднаков пристап до средства за рекламирање во изборната кампања: „Тоа во правото се вика телеолошко толкување, ама многу сте прости, пакосни и корумпирани да го сфатите, па се држите само до граматичко-позитивистичкото“, вели Апасиев.

Апасиев предупреди дека ова е прв случај во историјата на независна Македонија една легална регистрирана партија да биде ефективно спречена да се рекламира, дури и со сопствени пари.

„За оваа политичка дискриминација ќе се расправа дури и во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Но, верувајте, неправдата ќе предизвика ефект на бумеранг. Народот гледа и интуитивно се солидаризира со оној на кој му се прави лошотилак!“ – порачува тој.

Од Левица најавуваат дека нема да застанат само на јавното негодување. „Нашиот правен тим ќе поднесе кривични пријави и тужба за оштета против сите членови на ДИК и Советот на АВМУ, за предизвикана материјална штета. Ќе биде ангажирано финансиско вештачење за да се утврди износот“, најави Апасиев.

На удар ја стави и улогата на Уставниот суд, кој според него, останува пасивен:
„Уставниот суд пак, како по обичај, не е од тука. Фатен е во зимски сон, иако плурализмот и фер изборите се темелни вредности на уставниот поредок кои тој треба да ги штити“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсени три лица осомничени за подметнување на пожарот во Прилеп
Следна Статија Медведев: Зеленски е наркоман и изрод

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски ја фрли ракавицата: Ако сакате избори и сте силни, ајде на избори!

Треба да се сте сигурен дека овие седум години позади нас, ниту јас, ниту било кој од нас ќе ги…

October 31, 2024
ПОЛИТИКА

Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување

Поранешниот вицепремиер и функционер на ДУИ, Артан Груби, го осуди палењето на македонското знаме за време на прославата на Денот…

December 1, 2024
ПОЛИТИКА

Земон се сретна со провокаторот Стојанов: Aко вака продолжат СДСМ ќе молат за гласови

Членот на извршниот комитет на СДСМ, Рубин Земон, на неофицијална средба со провокаторот Виктор Стојанов од фондацијата Македонија од Софија.…

May 22, 2026
ПОЛИТИКА

Државата финансира над 60 партии без реална политичка тежина, од државната каса се делат милиони без гаранција за резултати, велат Независни за Карпош

Во држава која важи за сиромашна, задолжена и со масовна емиграција, политичките партии добиваат милиони евра од нашиот буџет —…

September 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?