Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Апасиев пред лидерската: Очекувам конструктивен дијалог, остануваме на барањата за измени на Изборниот законик и една изборна единица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Апасиев пред лидерската: Очекувам конструктивен дијалог, остануваме на барањата за измени на Изборниот законик и една изборна единица
ПОЛИТИКА

Апасиев пред лидерската: Очекувам конструктивен дијалог, остануваме на барањата за измени на Изборниот законик и една изборна единица

Објавено January 14, 2026 13:03
Сподели
Сподели

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денеска за првпат учествуваше на лидерска средба свикана од премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека партијата ја прифатила поканата бидејќи средбата се одржува во рамки на институциите, а не во „хотели во Маврово или амбасади“, пренесе4њуз.

Апасиев нагласи дека главен приоритет на Левица е итна промена на Изборниот законик. Според него, ова е неминовно пред какви било следни избори, бидејќи неговата партија е „единствената цензурирана партија во последните 35 години плурализам“.

„Доколку се распишат предвремени избори со овој законик, ние повторно ќе бидеме цензурирани. Тоа е нашиот главен интерес за присуство на оваа средба“, изјави Апасиев пред почетокот на состанокот.

Во однос на Пржинската влада, Левица има јасен став – таа треба да стане минато. Апасиев ја нарече овој модел „бирократски остаток“ од времето кога Македонија била третирана како протекторат.

„Немаме никаков проблем да ја укинеме Пржинската влада. Нас ни е сеедно дали ДПМНЕ или СДСМ се на власт, ние секако го ’јадеме стапот‘ кој и да е на власт“, дециден е лидерот на Левица.

Покрај изборните реформи, Левица на средбата најави дека ќе ги изнесе и економските барања на синдикатите. Сепак, Апасиев изрази доза скептицизам кон владејачката партија.

„Не очекуваме ништо посебно, знаејќи го досегашниот лицемерен однос на властодржците од ДПМНЕ. Но, секогаш има прва шанса. Како единствена опозициска партија која бележи раст, очекуваме конструктивен дијалог и прифаќање на нашите барања во наредните месеци“, заклучи тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 5 линии од Ники Глејзер кои ја резимираат нејзината вечер како водителка на Golden Globes
Следна Статија Извршниот директор на Abivax вели дека големите фармацевтски компании не можат да го игнорираат неговиот експериментален лек

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Mицкоски: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е многу зрела, точна, достоинствена, со многу предлози и проекти

„Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е многу зрела, многу точна, достоинствена кампања, којашто изобилува со многу предлози, со проекти, со стратегија, со…

October 17, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски најавува нови сообраќајни решенија за Скопје

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на град Скопје, направи увид на неколку клучни локации…

September 7, 2025
ПОЛИТИКА

На Зајкова и спремаат „пуч“, иницијативен одбор за промени во ЛДП на состанок ќе бара вонредно собрание

Денес во 12 часот, во големата сала на Општина Кисела вода ќе се состанат 2/3 од општинските организации на ЛДП…

November 10, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ бара одговорност за недостигот на терапија за болните од рак на белите дробови на Онкологија

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска реагира на состојбите во здравствениот сектор во земјава, конкретно на Клиниката за онкологија,…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?