Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Апелационен суд им ги зголеми затворските казни на двајцата директори осудени за пожарот во модуларната болница во Тетово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Апелационен суд им ги зголеми затворските казни на двајцата директори осудени за пожарот во модуларната болница во Тетово
МАКЕДОНИЈА

Апелационен суд им ги зголеми затворските казни на двајцата директори осудени за пожарот во модуларната болница во Тетово

Објавено December 25, 2025 10:15
Сподели
Сподели

Апелациониот суд Гостивар преку соопштение информира дека се преиначени одлуките од Основен суд Тетово за осудените лица во судскиот процес поврзан со пожарот во тетовската модуларна болница, во кој во 2021 година животите ги загубија 14 луѓе.

Со одлука на Апелационен суд, двајцата осудени директори наместо по година и половина, добија три години казна затвор, а правното лице Клиничка болница зголемена парична казна од еден милион и триста илјади евра.

Судиите во повисокиот суд одлуката ја донеле на 26 ноември 2025, при што се одбиени жалбите на осудените директори Флорим Бесими и Артан Етеми, додека уважени се жалбите на Основното јавно обвинителство Тетово.

-Пресудата ја преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција и во делот на одлуката за имотноправното побарување така што обвинетите Ф. Б. од Т. и А. Е. од Т. кои со првостепената пресуда се огласени за виновни за кривично дело Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 4 во врска со член 288 став 4 во врска со став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик, ги осуди на казна Затвор во траење од по 3-три години, обвинетото правно лице ЈЗУ К. Ц. во Т, кое со првостепената пресуда е огласено за виновно за кривично дело Предизвикување општа опасност од член 288 став 5 во врска со став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик, го осуди на Парична казна во износ од 1.300.000,00 денари – стои во соопштението на Апелационен суд Гостивар.

По пожарот во 2021 година и поднесен обвинителен акт во декември 2022 година, Основен суд Тетово почна процес кој заврши во јуни 2023 кога директорите ги осуди на условна казна затвор, но Апелационен суд потоа одлучи да има ново повторно судење.

Второто повторно судење заврши во мај 2025 година кога тетовскиот суд им пресуди по една година и шест месеци затворска казна на двајцата директори на Клиничката болница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тејлор Свифт донираше милиони пред празниците на хуманитарни организации
Следна Статија Нов вид грип стигнува во Јужна Калифорнија, предизвикува загриженост кај експертите за јавно здравје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Груби е олицетворение на криминалот и корупцијата која владееше кога СДСМ и ДУИ беа на власт

„Добро е што конечно правдата ќе биде задоволена со тоа што Артан Груби е притворен утрово на граничниот премин, тука…

February 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Министерство за правда: Протестот покажа обид за манипулација со граѓаните од политички структури

Министерството за правда го почитува правото на протест како едно од темелните демократски права на секој граѓанин. Слободното изразување на…

April 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Витраж со Тоше Проески со мотиви од „Полско цвеќе“ поставен на Гумење

Витраж со Тоше Проески и мотиви од неговата песна „Полско цвеќе“ се поставени на спомен обележјето на големата македонска и…

November 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков во центарот на Битола ги отвори канцелариите на новото бугарско здружение „Балкански мост“

Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков, синоќа во центарот на Битола, неколку куќи подолу од седиштето на Сојузот на борци во Битола,…

February 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?