Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за поседување и трговија со наркотици, откако Врховен ја укина претходната второстепена одлука
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за поседување и трговија со наркотици, откако Врховен ја укина претходната второстепена одлука
ХРОНИКА

Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за поседување и трговија со наркотици, откако Врховен ја укина претходната второстепена одлука

Објавено July 16, 2025 11:12
Сподели
Сподели

Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Васил Јованов и повторно го осуди на единствена казна затвор  во траење од три години и десет месеци за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ откако Врховниот суд во мај годинава ја укина претходната второстепана пресуда и го врати случајот на повторно судење. 

Одлуката, како што информираат од Апелација е донесена на јавна седница одржана на ден 11.06.2025 година постапувајќи по кривичниот предмет KЖ- 481/25. 

-Решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1439/24 од 31.07.2024 година, го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом на начин што за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 1-една година и за кривичното дело  Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 в.в член 22 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 3-три години и согласно член 44 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, СЕ ОСУДУВА на единствена казна затвор  во траење од 3– три години и 10-десет месеци, се вели во соопштението од Апелација.

Сите јавни седници и расправи закажани за следната недела во Кривичниот оддел на Апелацискиот суд Скопје се одлагаат, информираат денеска од Апелација.

Вака донесената одлука со образложени причини за истата, ќе биде објавена во целост на веб страната на судот согласно со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Апелациониот суд Скопје во февруари годинава ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов за претходното дело, а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи и го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом и се осудува на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци, но Врховниот суд на 7 мај ја укина пресудата од 3 години и 10 месеци затвор во второстепената постапка и случајот го врати на повторно судење. 

На 13 мај Васил Јованов,  беше осуден на казна затвор од 12 години врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дуа Липа дизајнираше Порше, заработувачката од продажбата оди на Косово (ФОТО)
Следна Статија БИДИ ПОЛИЦАЕЦ: Во тек оглас за прием на 150 нови полициски службеници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Галетановски: Возилото е изгорено целосно, ниту сум скаран со некој ниту некој ми се заканувал

Претседателот на Градската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски, се огласи на социјалните мрежи откога ноќеска му беше запалено возилото.  …

September 9, 2025
ХРОНИКА

Почина поетот, писател и преведувач Тихомир Јанчовски

Ненадејно, на 58-годишна возраст почина Тихомир Јанчовски, поет, писател и преведувач, објави семејството на социјалните медиуми.   Јанчовски е роден…

January 30, 2026
ХРОНИКА

Четиримесечно бебе донесено починато во болница во Гостивар

СВР Тетово соопшти дека вчера (18.10.2024 година) во ОВР Гостивар било пријавено дека со Брза помош во Медицински центар Гостивар…

October 19, 2024
ХРОНИКА

Доктор сексуално нападнал малолетна пациентка

Вчера околу 21.20 часот во СВР Скопје малолетничка од виничко, која била згрижена во клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“,…

May 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?