Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Апелација пресуди дека Анѓушев бил наклеветен – одбиена жалбата на ИРЛ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Апелација пресуди дека Анѓушев бил наклеветен – одбиена жалбата на ИРЛ
МАКЕДОНИЈА

Апелација пресуди дека Анѓушев бил наклеветен – одбиена жалбата на ИРЛ

Објавено February 25, 2026 17:49
Сподели
Сподели

Апелациониот суд Скопје денеска ја одби како неоснована жалбата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и на уредничката Сашка Цветковска и со тоа ја потврди првостепената пресуда во спорот што го поведе бизнисменот Кочо Анѓушев поради наводи изнесени во документарецот „Заговор против воздухот“, емитуван во 2021 година на МРТ.

Одлуката, како што објави „360 степени“, била соопштена кусо, без усно образложение, при што е наведено дека деталите ќе следуваат во писмената пресуда, а за трошоците судот дополнително ќе се произнесе во писмената изрека.

Од компанијата Фероинвест велат дека со оваа пресуда се потврдило дека пишувањата на медиумот кои го поврзуваат Анѓушев со набавката на токсичен мазут биле клеветнички и не ги испочитувале мјинималните новинарски стандарди за обезбедување став од засегнатата страна.

,,Судовите со овие пресуди потврдија дека оваа група со години врши медиумски клевети, изнесува лаги и зависно од текот на финансиите креира средина во Македонија за јавна пресметка со одредени личности за да направи дефокус и заштита токму на вистинските сторители на казниви дела, и користена е за внатрешни политички пресметки во Македонија служејќи на одредени страни.

Во секоја земја економијата е таа која ја движи државата напред и која продуцира работни места и ја полни државната каса со даноци, за да има функционално општество.

Кај нас, зад нападите врз компаниите и бизнисмените со лажни вести стојат крајно неодговорни лица кои се водат само од свои кариерни и хонорарни причини, а нанесуваат економска штета на самата држава и на стопанството.”, велат од Фероинвест по денешното изрекување на пресудата на Апелациониот суд.

Од страна на ИРЛ, според „360 степени“, засега нема конечна одлука за следните чекори, но правниот тим најавил дека е можен поднесок до Уставниот суд, со аргументација поврзана со правото на слободно изразување. Во судницата, Цветковска одлуката ја искоментирала кратко и иронично со зборовите „Секоја чест“, додавајќи дека очекуваат писмено образложение.

Реакција испратија новинарските организации ЗНМ и ССНМ. Во заедничко соопштение тие изразуваат загриженост дека вакви одлуки создаваат притисок врз независното истражувачко новинарство и предупредуваат на, како што велат, опасен преседан институциите да одредуваат што е медиум и кој е новинар.

„Укажуваме дека ЗНМ во период подолг од пет години обезбедуваше бесплатна правна поддршка, а двете организации јавно го следеа овој предмет и посочуваа на неговото значење за слободата на изразување, јавниот интерес и заштитата на истражувачкото новинарство, вклучително и во контекст на ризиците од стратешки тужби против јавно учество (СЛАПП)“, велат од организациите.

Инаку во јуни 2021г, 3 недели по објавата на филмот на ИРЛ кој потоа беше предмет на тужба за клевета

Регулаторната комисија за енергетика ги провери сите 19 фирми кои имаа лиценца за трговија со нафта и нафтени деривати, вклучително и со мазут, и утврди неправилности кај 7 од нив.

Државните органи во 2025г поднесоа кривична пријава за фирмата РКМ и нејзиниот сопственик Ратко Капушевски заедно со уште 12 други лица токму за финансиски малверзации и увоз на токсичен мазут со години наназад. Ниту во првиот ниту во вториот случај не беше откриена и посочена поврзаност на спорните активности со мазут со Анѓушев или некоја од неговите компании.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Платите на функционерите ќе се кратат, Собранието ја утврди потребата за носење на пакетот закони
Следна Статија Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Законот за заштита на децата се враќа во Собрание, ако се изгласа претседателката ќе мора да го потпише Указот

Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата повторно се враќа во собраниска процедура во рамки на…

January 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тетово под вода: Се извлекуваат заглавени комбиња и автомобили

Силниот дожд што го зафати попдалнево Тетово, поплави улици и дворови во градот и околината. Пожарникарите извлекувале и комбе заглавено…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во Македонија има патентирано изум кој за 15 минути растерува магла и го намалува загадувањето, но 24 години некој го држи во фиока

Мал број на граѓани се сеќаваат дека во Македонија има изум кој за 15 минути растерува магла но од неразбирливи…

November 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски и Ѓорѓиевски помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови Поворки

Голема е мојата чест, што заедно со Премиерот Христијан Мицкоски и нашите семејства сме помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови Поворки!…

January 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?