Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Апел до институциите на писателот Венко Андоновски: Да не пропадне, да не се уништи меморијалната постановка во чест на книжевниот гениј Петре М. Андреевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Апел до институциите на писателот Венко Андоновски: Да не пропадне, да не се уништи меморијалната постановка во чест на книжевниот гениј Петре М. Андреевски
МАКЕДОНИЈА

Апел до институциите на писателот Венко Андоновски: Да не пропадне, да не се уништи меморијалната постановка во чест на книжевниот гениј Петре М. Андреевски

Објавено August 5, 2025 10:30
Сподели
Сподели
ЕДИКОЈСИ ПРОТИВ ПЕТРЕТА АНДРЕВСКИ ИЛИ „ЕЈ БРЕ КОЈ СИ ТИ ПРОТИВ ПЕТРЕТА ДА БИДИШ?!“
Срам ми е што ова го пишувам. Како Македонец се срамам.
Добивам мејл од мојот пријател, нашиот ингениозен сликар Сергеј Андреевски, синот на еден од моите книжевни татковци – книжевниот гениј Петре М. Андреевски, во кој синот бара поддршка од мене и од истакнати наши јавни личности и институции – да не пропадне, да не се уништи меморијалната постановка во чест на овој писател во с. Слоештица, општина Демир Хисар! Од што да се уништи?! Од влага, несооветен покрив и просторија, од хронична негрижа и јавашлук да пропаднат ракописите и личните предмети на класикот?!!!
Или вистинското прашање е: не од што, туку од кого да пропадне? Пишувале синот и пријателите на Петрета писмо до господата локални и глобални политички моќници – ама наишле на тотален бојкот! Па зар до тоа дојдовме – семејствата да се грижат за столбовите на македонската култура, а не државата?!
Јасно е: ќе пропадне тоа од едикојси наместен локален полтрон на некои политички избори. Или, како што напишав во една колумна за претходните (а и овие сега не влечат поука) – кои сте бре вие?! Ќе пострада Петре од едикојси, или, да се огласам со револт – еј, кои сте бре вие рака на Петрета да кревате?!
Што му правите на човекот кој и кога ја љубеше Дениција учествуваше во создавањето на првата македонска држава?! На човекот што ја нареди македонската книжевност и нејзината поезија до светските величини? Човекот што неодамна, во предговор за руското издание на „Пиреј“, го нареков македонски Толстој во прозата, зашто навистина, барем со „Пиреј“, Петре е за македонската книжевност истото она што е Толстој со „Војна и мир“ за руската!
Кои се тие политички бирократи и паланечки анонимуси кои не си ја ценат светската вредност што ја имаат во дворот?! Тоа е паланечко однесување опишано во многу книги! И јасно ми е зошто Македонија никогаш до 1945 година немала држава, а од 1945 ја имала само формално, зашто политичарите, леви, десни или средни, се однесуваат како да не сакаат држава! Како да не сакаат да постои Македонија! Додека сами не се цениме, нема никој да нè цени.
Затоа, господин премиер (мој сосед во Влае), господине министре за култура (мој пријател и знаменит актер во моја претстава), ВЕ МОЛАМ, доколку моето име нешто ви значи, ИТНО ПРЕЗЕМЕТЕ МЕРКИ постановката за генијот Петре М. Андреевски да стане државна сопственост и да се стави под целосна државна заштита! И казнете ги оние кои не одговараат на барања и кои доведоа до тоа – јас, ученик на Петрета, да се срамам со ова писмо.
Да докажуваш дека Петре го заслужува тоа – минимална почит од сопствениот народ, е како да докажуваш дека Сонцето свети. Е па, свети. Нема да го угаснете ни со влага, ни со мемла, ни со молк и бојкот. Молкот и бојкотот се само духовна мемла, апелира на својот Фејсбук профил, писателот Венко Андоновски.
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фокс потпиша нов договор со Спарс – ќе заработува повеќе од Дончиќ
Следна Статија Сѐ повеќе луѓе остануваат без работа поради вештачката интелигенција – најголем удар врз младите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Муцунски му ја честита победата на Трамп: Со нетрпение очекувам да работам со мојот пријател Гренел за да ја унапредиме нашата заедничка визија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, испрати честитки до претседателот Доналд Трамп за неговата изборна победа. -Со…

November 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Хајрулахи: Државниот обвинител Коцевски има пристап до информации за многу следени важни македонски граѓани

Државниот обвинител Љупчо Коцевски преку контролата на Посебните истражни мерки определни од судот има пристап до информации за многу следени…

September 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

250 евра ќе биде казната за родителот чие дете е насилно во училиште

Со 250 евра ќе биде казнет секој родител на дете кое се однесува насилно во училиштето, но и ако тој…

May 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Туфегџиќ: Обвинителството треба да се фокусира на дискредитирање на исказите, а не на личноста на Ѓорчевски

Владимир Туфегџиќ, адвокатот на Александар Ѓорчевски, по денешното судење истакна дека Обвинителството уште еднаш потврдило дека нема аргументи против таткото…

April 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?