Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Апсурд во македонското судство: За недоспеан долг судијката Бисера Стефковска Митиќ замрзна имот на компанија од 1, 5 милион евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Апсурд во македонското судство: За недоспеан долг судијката Бисера Стефковска Митиќ замрзна имот на компанија од 1, 5 милион евра
МАКЕДОНИЈА

Апсурд во македонското судство: За недоспеан долг судијката Бисера Стефковска Митиќ замрзна имот на компанија од 1, 5 милион евра

Објавено March 13, 2026 17:31
Сподели
Сподели

За недовербата или довербата во македонското судство која е едвај два проценти говори и случајот за недоспаен долг од близу половина милион евра, за што судијката Бисера Стефковска Митиќ и замрзнала на компанија 1, 5 милион евра.

За случајот пишува неделникот „Фокус“, а во текстот се објаснува за незаконското постапување во граѓанскиот суд и за тоа како недоспеан долг од 467 илјади евра доведе до блокада од 1,5 милиони евра.

Станува збор за спор меѓу компаниите „АР Груп“ и „МКМ Експрес“, а истиот се однесува на преддоговор за купување деловен простор во Скопје вреден над 1,4 милиони евра, пишува Фокус.

Нецел месец по основањето во 2022 година, компанијата „АР Груп“ склучила преддоговор со „МКМ Експрес“ за купување на деловен простор од 637 квадратни метри, плус гаражни места, за вкупна цена од 1.451.393 евра.

Но, купувачот (АР Груп) воопшто не го уплатил авансот, што било основа продавачот да го раскине договорот. Сепак, двете страни склчуваат анекс со нова диманика на плаќање, која повторно не ја почитува купувачот. Набргу потоа, тие склучуваат и втор анекс, по што „АР Груп“ врши две уплати од вкупно 467 илјади евра.

И двете уплати биле задоцнети и пониски од висината на договорените рати. Овојпат продавачот одлучил да го раскине преддоговорот, кој му дава такво право заедно со обврска да ги врати уплатените средства откако истиот деловен простор ќе го продаде на други субјекти.

Но, „АР Груп“ не ги чекал средствата назад, туку одлучил по судски пат да ги бара од „МКМ Експрес“ не само уплатените 467 илјади евра, туку и дополнителни над 1,1 милиони евра во име на материјална штета, или вкупно 1,5 милиони евра.

Набргу потоа, „АР Груп“ поднела тужба. Со неа, компанијата побарала враќање на уплатените средства и дополнителни 1,1 милиони евра за наводна материјална штета.

Врз основа на ова барање, судијката Бисера Стефковска Митиќ донела решение за привремена мерка. Така, на „МКМ Експрес“ му било забрането да располага со средства до износ од околу 1,5 милиони евра.

Од „МКМ Експрес“ тврдат дека одлуката е донесена без тие да бидат соодветно известени за постапката. Според нив, поканата за одговор на тужбата не им била уредно доставена.

Исто така, компанијата наведува дека за наводната материјална штета од 1,1 милиони евра немало изработено вештачење. Поради тоа, тие ја оспориле одлуката со жалба пред Апелацискиот суд.

Покрај тоа, најавиле барање за изземање на судијката и претставка до Судскиот совет.

Судијката Стефковска Митиќ ги отфрла обвинувањата. Таа наведува дека постапката е водена согласно Законот за парнична постапка.

Според неа, тужбата била испратена на регистрираната адреса на тужениот, но по два неуспешни обиди за достава била објавена на огласната табла на судот.

Таа додава дека решението за привремена мерка не е правосилно и дека странките имаат право да го оспорат со жалба.

Во меѓувреме, „МКМ Експрес“ предупредува дека блокадата на средствата сериозно ја загрозува ликвидноста на компанијата. Тоа, како што велат, се случува во период кога компанијата гради станбено-деловен комплекс со околу 600 станбени единици.

Случајот сега се наоѓа пред Апелацискиот суд, кој треба да одлучи по жалбата против привремената мерка.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 119 години од раѓањето на Петре Прличко
Следна Статија Мицкоски: Македонските институции реагираа подобро во Кочани отколку швајцарските во Кран Монтана

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Еврокомесарката Марта Кос: Длабоко сме натажени од трагичниот пожар во Кочани

Марта Кос, еврокомесарката за проширување изрази „длабока тага“ поради трагедијата во Кочани и упати сочувство за жртвите. – Длабоко сме…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еден вработен во ЗОО Скопје утре ќе се тестира за птичји грип

Еден од четворицата вработени во скопската Зоолошка градина веќе утре ќе биде тестиран за птичји грип бидејќи пред два дена…

October 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

За четири години во државава биле пријавени 508 случаи на сексуално насилство и вознемирување деца

Зголемување на јавната свест, охрабрување на децата да проговорат и обезбедување знаења и алатки за превенција и заштита за возрасните,…

November 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема да има реконструкција на Влада пред локалните избори, уверува премиерот, превирања во коалицијата „Вреди“

Владата нема да се реконструира пред локалните избори, додека односите во Владата се коалициски одлични, изјави вчера на прес-конференција премиерот…

April 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?