Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Арбер Адеми: Уставниот суд донесе уште една скандалозна одлука и потврди дека е инструмент на Владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Арбер Адеми: Уставниот суд донесе уште една скандалозна одлука и потврди дека е инструмент на Владата
МАКЕДОНИЈА

Арбер Адеми: Уставниот суд донесе уште една скандалозна одлука и потврди дека е инструмент на Владата

Објавено September 24, 2025 22:32
Сподели
Сподели

Одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одлуката на Владата за намалување на бројот на советници во одредени општини наиде на жестоки критики од Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Ставот на опозициската партија, дека станува збор за уште една скандалозна одлука на Уставниот суд попладнево го пренесе потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, на вонредна прес-конференција пред зградата во која се наоѓаат просториите на судот, а на која беа присутни повеќемина поддржувачи и членови на партијата.

Како што наведе тој, Уставниот суд денеска одлучил да ја потврди одлуката на Владата за намалување на бројот на советници особено во оние општини каде што мнозинството жители се Албанци.

„Денеска Уставниот суд уште еднаш потврди дека е параполитичка институција која работи по партиски диктат, која има за цел да реализира една опасна идеолошка платформа против своите сограѓани, во овој случај против своите сограѓани Албанци“,рече Адеми.

„Таква категоризација не може да се земе предвид за било какви други правни решенија и било какви други политики. А одлуката на Владата за која Уставниот суд смета дека е во ред се базира само на бројот на резидентни жители, а законот е јасен, законот зборува за жители“,рече потпретседателот на ДУИ.

Тој уште еднаш повтори дека актуелната Влада целосно го инструментализирала Уставниот суд и во тој контекст додаде дека на извршната власт „не ѝ е гајле“ за правната рамка, туку има намера да води моноетничка агенда.

Адеми излезе и со тврдење дека при денешното одлучување во Уставниот суд имало етничка мајоризација, односно дека судиите Македонци ги надгласале своите колеги од другите етнички заедници, односно дека резултатот од гласањето бил пет спрема три.

„Пет судии Македонци биле на една страна против двајца судии Албанци и еден судија Турчин кои биле против донесување на оваа одлука. Тие сносат одговорност за целата оваа поларизација што ни се случува во нашата држава, а сите ние тука што сме собрани во голем број сме за унитарна, еднаква и заедничка Македонија. Но, по се изгледа дека овие органи и институции кои треба да бидат независни имаат друга агенда, да креираат тензии и да не прашуваат ниту за Устав, ниту за закони, ниту за правилници, ниту за било какви одредби“,изјави потпретседателот на ДУИ.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска-Давкова оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш
Следна Статија Еурофарм Пелистер без рецепт за победа против ГОГ Гудме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре во Скопје

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе оствари средба со премиерот…

May 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес почнува Рамазан!

За припадниците на исламската вероисповед, Рамазан, месецот на постење, милосрдие и објавување на Куранот на пророкот Мухамед, започнува денес и…

February 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова на самитот „Конкордија“: Крајно време е да се направат промени во ЕУ за начинот на одлучување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на годинашниот самит „Конкордија“, којшто секоја година се одржува паралелно со Генералното собрание на ОН.…

September 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Директорот на АХВ со камери ги шпионира и ги демне вработените?

Сериозни сомнежи за злоупотреба на видеонадзор и нарушување на приватноста се отвораат во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), каде…

April 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?