Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Аргентинскиот претседател за скандалот со криптовалутата либра: Сите знаеја во што се впуштаат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Аргентинскиот претседател за скандалот со криптовалутата либра: Сите знаеја во што се впуштаат
Blog

Аргентинскиот претседател за скандалот со криптовалутата либра: Сите знаеја во што се впуштаат

Објавено February 18, 2025 10:51
Сподели
Сподели

Претседателот на Аргентина Хавиер Милеј синоќа првпат се огласи по викендот обележан со скандал околу промоцијата на криптовалутата либра ($LIBRA), јави аргентинскиот весник „Кларин“.

Во интервју за телевизијата „Тодо Нотисиас“, Милеј го релативизираше случајот, споредувајќи го со коцка: Ако одите во казино и загубите пари, на што се жалите, ако однапред знаете како функционира?.

Тој инсистираше дека учесниците во купопродажбата на криптовалутата, чии вредности нагло пораснаа, а потоа паднаа откако многумина брзо ги повлекоа вложувањата, „добрo знаеле што прават“ и „доброволно влегле во тоа“.

– Тоа е проблем меѓу приватни лица. Државата нема никаква улога тука, рече тој, дистанцирајќи ја аргентинската влада од можни обвинувања за измама.

Истовремено, тој негираше дека добил финансиски надомест за промовирањето на $LIBRA: „Тоа беше чист импулс“, рече Милеј, тврдејќи дека сакал само да сподели информација за нешто што изгледало профитабилно.

– Сите што учествуваа знаеја многу добро во што се впуштаат. Не е како да не беа свесни за ризикот, додаде аргентинскиот претседател.

Во меѓувреме, судија во Аргентина доби задача да води истрага за односот на претседателот Милеј со криптовалутата $LIBRA, поради наводите за измама.

Вчера, федералната судијка Марија Сервини беше избрана по случаен избор да раководи со истрагата, која ќе испита дали Милеј постапил незаконски.

Некои опозициски политичари предупредија дека Милеј може дури и да се соочи со судење за импичмент, во зависност од исходот.

Скандалот избувна во петокот, кога беше лансирана криптовалутата $LIBRA. Милеј го искористи својот налог на социјалната мрежа Икс за да ја промовира крипто-монетата, велејќи дека е дизајнирана да поттикне „економски раст преку финансирање мали бизниси и стартапи“.

Засилена со таква поддршка од висок профил, криптовалутата накратко достигна пазарна капитализација од 4 милијарди долари. Но, неговата вредност брзо почна да паѓа, што ги натера некои да ја наречат измама.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Огромна карпа се откорна на автопат и падна врз комбе во Дубровник, еден загинат, неколкумина повредени
Следна Статија Вчера најмалку се почитувале правилата за прописно паркирање

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Цените на бакарот во САД скокнаа на рекордно високо ниво по објавата на Трамп за царините

Цените на бакарот во САД скокнаа на рекордно високо ниво во вторник откако Доналд Трамп изјави дека Вашингтон ќе воведе…

July 9, 2025
Blog

Аргентина ја елиминира Англија – ќе игра во финалето на Светското првенство против Шпанија

АРГЕНТИНА е во финалето на Светското првенство. Во драматично полуфинале во Атланта, тие ја победија Англија со 2-1 по голем…

July 15, 2026
Blog

Дневен хороскоп за Девица – среда, 29 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денес е идеален ден за освободување од негативни мисли и отворање кон радост. Во својот…

January 29, 2025

Lenovo’s redesigned ThinkPad Detachable tablet has a bigger screen and legit keyboard – The Verge

Lenovo is announcing a bunch of new ThinkPad laptops for MWC 2026 in Barcelona, as well as a new ThinkBook…

March 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?