Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Арсовска и во недела „ловеше“ дивоградби во Чаир, тврди дека се работи за сериозен урбанистички и безбедносен скандал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Арсовска и во недела „ловеше“ дивоградби во Чаир, тврди дека се работи за сериозен урбанистички и безбедносен скандал
МАКЕДОНИЈА

Арсовска и во недела „ловеше“ дивоградби во Чаир, тврди дека се работи за сериозен урбанистички и безбедносен скандал

Објавено June 23, 2025 09:22
Сподели
Сподели

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, заедно со полициско обезбедување и околу 20 вработени од Градот, вчера во Општина Чаир беа пред 12-катна зграда за која таа тврди дека објектот бил изграден без одобрение за градба, на државно земјиште и без проект за безбедност.

На социјалните мрежи Арсовска тврди дека се работи за сериозен урбанистички и безбедносен скандал во Чаир, каде се гради зграда со повеќе од 50 станови без основен проект, без платени комуналии и со низа незаконски приклучоци на струја и вода.

Градоначалничката тврди дека во општината се прават обиди, со лажна документација дека објектот бил изграден во 2011 година, да се легализира. Таа тврди дека инвеститорот на диво веќе се приклучил на електричната мрежа, а се изведуваат и нелегални работи на булеварот за приклучок на водоводната и канализациска мрежа.

Арсовска го повика градоначалникот на Чаир Висар Ганиу, но и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, да ја истражат изградбата на овој објект кој дополнително е и незаштитен.

„Дрскоста оди дотаму што денеска се копа булевар со надеж дека во недела нема институции кои ќе реагираат“, напиша Арсовска, додавајќи дека се работи за опасен објект кој се гради без надзор и без одобрение, со сериозни закани упатени до оние што алармираат.

Арсовска информираше дека за време на нивната вчерашна интервенција станарите кои веќе се вселени во дивоградбата им се заканувале на инспекторите на град Скопје и им ги исекле гумите на возилата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Отчет за сработеното во првата година на Владата
Следна Статија Андреа Бочели сними дует со првиот светски тениски рекет Јаник Синер (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Одбележани 73 години од раѓањето на Горан Стефановски

Кај спомен-клупата во Дебар Маало посветена на Горан Стефановски денеска се одржа  настан „Горан е тука“ по повод 73 години…

April 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓани со часови заглавени во подземниот паркинг на ГТЦ

Вистински хаос се случил вчера попладнето во подземниот паркинг на ГТЦ. Вознемирени граѓани два часа биле „заробени“ на паркингот, откако паркоматите престанале да…

April 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Водата во Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи

Секторот Санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на градот Скопје кој беше…

December 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонскиот идентитет нема повеќе да биде распродаван

Македонскиот идентитет нема простор повеќе да биде распродаван, а овие мекотелни политичари, кои се дел од мекото ткиво на македонскиот…

April 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?