Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Арсовска нападната во Чаир: „Ме удираше со клоци и ми се закануваше дека ќе ме силува!“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Арсовска нападната во Чаир: „Ме удираше со клоци и ми се закануваше дека ќе ме силува!“
ХРОНИКА

Арсовска нападната во Чаир: „Ме удираше со клоци и ми се закануваше дека ќе ме силува!“

Објавено July 11, 2025 16:44
Сподели
Сподели

Скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска беше физички нападната на Бит Пазар, за време на увид на дивоградба.

Инцидентот се случил спроти полициската станица во Чаир. По нападот, таа беше примена во Ургентниот центар на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“. Овој настан предизвика лавина од реакции во јавноста.

Contents
  • Скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска беше физички нападната на Бит Пазар, за време на увид на дивоградба.
  • „Ќе те силувам, ќе ти го убијам целото семејство“
  • МВР: Приведени се две лица, Арсовска примена во болница

„Ќе те силувам, ќе ти го убијам целото семејство“

„Најпрво лицето ми се закануваше вербално. Не можам да изговорам со какви погрдни зборови ми се обраќаше, велеше дека ќе ме силува,“ изјави Арсовска по излегувањето од болница. „Потоа, пред очите на полицајците, тој ме нападна физички. Почна да ме удира со клоци.“

Таа обвини дека полицајците само го тргнале и застанале пред неа, но не презеле ништо друго. „Тие дозволуваа толпата да вика и да ги напаѓа луѓето од Градот, да ги удираат со столици, да ги плукаат,“ рече таа. „Тоа лице, кое направило толкава дивоградба, пред сите нас се јави на 20 луѓе на високи функции во МВР. Им кажуваше што сè ќе ми направел, им викаше дека ќе ме убие, дека ќе ги ликвидирал еден по еден членовите на моето семејство,“ додаде Арсовска.

МВР: Приведени се две лица, Арсовска примена во болница

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека се приведени две лица. „Во врска со настанот, од страна на полициски службеници обезбедени се две лица кои во моментов се во Полициска станица со кои се обавува службен разговор,“ велат од МВР.

Од ГОБ „8 Септември“ претходно изјавија дека Арсовска била примена видно вознемирена. Таа имала контузии од удирање со клоци и со тупаници. Таа била прегледана од страна на специјалисти. Арсовска рече дека на увид излегле по пријава од граѓани. И дека објектот нема одобрение за градба, краде струја и вода.

Физичкиот напад врз градоначалникот на главниот град, без разлика на политичките разлики и несогласувања, е апсолутно неприфатлив и претставува директен напад врз самата држава и врз нејзините институции. Од една страна, позитивно е што Министерството за внатрешни работи реагираше релативно брзо и приведе две лица, што покажува дека системот сепак има капацитет да одговори на вакво брутално насилство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Божиновска: Новата ТС Охрид го поврзува Балканот и европскиот пазар на електрична енергија
Следна Статија Спремете се за Ноле, поддршка му даде и Моника Селеш

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Утре продолжуваат завршните зборови на Обвинителството за убиствата на Вања и Панче

Во Кривичниот суд утре продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Со завршните зборови ќе продолжат обвинителките…

June 10, 2025
ХРОНИКА

Тројца Македонци провалувале во станови во Хрватска, краделе накит, пари и вредни предмети

Полициски службеници од Службата за општ криминал при полициската управа Приморје-Горски Котар и 1-та полициска станица Риека завршија кривична истрага…

January 9, 2025
ХРОНИКА

ФОТО: Ова е списокот на пренесените деца од Кочани и Штип во скопските болници

Роднини и пријатели преку социјалните мрежи ги бараат своите блиски кои вчера биле на концертот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Маж почина во пожар во неговата куќа

Пожар доцна синоќа избувнал во куќата на 90 годишниот З.Ш. од селото Стримница, во кој сопственикот го загубил животот. Во…

November 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?