Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Арсовски бара извинување од СДСМ: Немам никаква врска со сопствениците на фирмата „Дигитал оне“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Арсовски бара извинување од СДСМ: Немам никаква врска со сопствениците на фирмата „Дигитал оне“
ПОЛИТИКА

Арсовски бара извинување од СДСМ: Немам никаква врска со сопствениците на фирмата „Дигитал оне“

Објавено November 30, 2025 17:41
Сподели
Сподели

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ги отфрли обвинувањата на СДСМ за негова поврзаност со фирмата која добила тендери во вредност од девет милиони евра. Тој во објава на Фејсбук напиша дека не е во роднинска врска и не ги познава сопствениците на фирмата „Дигитал оне“, која беше спомената на прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.

„За да биде детално јасно, ниту го познавам човекот кој е сопственик на фирмата, ниту сум го сретнал, ниту знам како изгледа, ниту ми е роднина по било која основа. Единствено што е исто е презимето. Немам никаква врска со никаков тендер, ниту пак сум имал било каква врска со државни тендери“,напиша Арсовски.

Арсовски обвини за манипулации и побара јавно извинување од СДСМ.

„Иако во прашална форма, моето име и презиме беше споменато на пресот на СДСМ, тенденциозно со намера да ме вовлечат во нивни креатури и да ги манипулираат граѓаните и јавноста, па затоа јавно барам извинување од СДСМ, ако им остана малце достоинство. За разлика од нив, секој мој прес каде што било изнесено било што како информација, било точно и потврдено, а не како нивниве лаги и измислици. Знам дека сеуште ги боли што ја изнесував секојдневно вистината за нивниот криминал. Избори и доверба кај народот не се добиваат со тоа што ќе измислувате непостоечки случаеви и интриги за луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, туку со напорна работа, реформи и програма“додава Арсовски.

На денешната прес-конференција Димитријевиќ обвини дека преку криминални шеми власта испумпува милиони евра народни пари и дека државни тендери се доделуваат на фирми блиски до владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најскапото Фабержеово јајце во историјата: „Зимското јајце“ понудено на аукција за 20 милиони фунти
Следна Статија Силјановска Давкова: Дипломатскиот добротворен базар е место каде што солидарноста ги поврзува културите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Касами за Ахмети: Во време кога тој пишува писма ние реализираме проекти

Претседателот на Движење Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами за писмата кои Али Ахмети ги праќа до премиерот и…

October 29, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ: Техничката влада мора да остане

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори. 1.Актуелната власт…

January 13, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Немаме платформа против Албанците, туку платформа против партиските профитери и криминалци

ДУИ ја менува реториката во милитантна со цел да се создадат етнички тензии кога ја губи власта и затоа што…

November 28, 2024
ПОЛИТИКА

(Видео) Коњановски: Реката Драгор добива ново лице

Во следниот мандат, една од најголемите заложби ќе биде реализација на многу значаен проект, уредувањето на коритото на реката Драгор,…

October 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?