Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Асмир Јахоски добил времен пасош од судот, бил на прослава во Истанбул
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Асмир Јахоски добил времен пасош од судот, бил на прослава во Истанбул
МАКЕДОНИЈА

Асмир Јахоски добил времен пасош од судот, бил на прослава во Истанбул

Објавено June 2, 2025 09:41
Сподели
Сподели

Асмир Јахоски, кој до пред еден месец беше во притвор во затворот во Шутка, вчера се појави на фотографии од Босфор, односно Турција. Откако му беше укинат притворот, нему му беше одземен пасошот, а тој даде милиони како гаранција дека нема да бега. „Скопје1“ дознава дека тој потоа побарал времено да му биде вратен пасошот, па така, неговото заминување во Истанбул, е законско, бидејќи судиите одобриле.

Можеби и немаше да се дознае дека бизнисменот кој е газда на „Пуцко петрол“ и осомничен за злоупотреби е во Турција, но го „издадоа“ фотографиите објавени од Алија Јахоски, кој честиташе „завршено образование“ на член на семејството. На две од нив е и осомничениот Асмир Јахоски. На едната се заедно со чичко му, татко му и славеникот, а на другата, заедно со татко му и славеникот.

Останува непознато кога му бил издаден времениот пасош на Јахоски, ако се има во предвид дека на 06 мај тој остана без патна исправа бидејќи судот му ја одзема одредувајќи му мерка за обезбедување присуство.  Од судот, дополнително ќе побараме одговор кога треба Јахоски да се врати во Македонија. Во решението од Апелација, стои и дека секој прв понеделник во месецот тој треба да се јавува во Кривичен суд, што би значело, дека тоа треба да го направи утре.

Јахоски е осомничен во истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. За тоа како излезе од притвор, пишувавме минатиот месец.

смир Јахоски, кој до пред еден месец беше во притвор во затворот во Шутка, денеска се појави на фотографии од Босфор, односно Турција. Откако му беше укинат притворот, нему му беше одземен пасошот, а тој даде милиони како гаранција дека нема да бега. „Скопје1“ дознава дека тој потоа побарал времено да му биде вратен пасошот, па така, неговото заминување во Истанбул, е законско, бидејќи судиите одобриле.

Можеби и немаше да се дознае дека бизнисменот кој е газда на „Пуцко петрол“ и осомничен за злоупотреби е во Турција, но го „издадоа“ фотографиите објавени од Алија Јахоски, кој честиташе „завршено образование“ на член на семејството. На две од нив е и осомничениот Асмир Јахоски. На едната се заедно со чичко му, татко му и славеникот, а на другата, заедно со татко му и славеникот.

Останува непознато кога му бил издаден времениот пасош на Јахоски, ако се има во предвид дека на 06 мај тој остана без патна исправа бидејќи судот му ја одзема одредувајќи му мерка за обезбедување присуство.  Од судот, дополнително ќе побараме одговор кога треба Јахоски да се врати во Македонија. Во решението од Апелација, стои и дека секој прв понеделник во месецот тој треба да се јавува во Кривичен суд, што би значело, дека тоа треба да го направи утре.

Јахоски е осомничен во истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. За тоа како излезе од притвор, пишувавме минатиот месец.

извор: Skopje1.mk

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За само три месеци банките ќариле над 72 милиони евра, колку милиони искеширале граѓаните за камати?
Следна Статија Карол Навроцки победи на претседателските избори во Полска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави нов договор со европска држава

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Делчево изјави дека фокусот на Владата е да се реализираат странски инвестиции на цела територија…

May 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Туфегџиќ: Ќе се бара одговорност од јавните обвинители за обвинението на таткото на Вања

Адвокатот Владимир Туфегџиќ во Аргумент плус рече дека по правосилноста на пресудата ќе се бара одговорност на сите ниво од јавните обвинители…

June 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во борбата против малолетничката деликвенција, Тошковски, Ѓорѓиевски и Герасимовски во заедничка акција низ Скопје

Вчеравечер претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Општина Центар, Горан…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Нѐ резилеше каде стигне: Пет години од „Цар Самоил је пуно шетао, и Кирил и Методиј су радили исто такви ствари“

Пет и пол години поминаа од „легендарното интервју“ на Зоран Заев, првиот македонски премиер кој во интервју порача дека со…

May 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?