Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Афера „Крмзов“: За околу 90 милиони евра штета инволвирани 23 физички и 15 правни лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Афера „Крмзов“: За околу 90 милиони евра штета инволвирани 23 физички и 15 правни лица
ХРОНИКА

Афера „Крмзов“: За околу 90 милиони евра штета инволвирани 23 физички и 15 правни лица

Објавено June 10, 2025 14:34
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со случајот „Крмзов“ води постапка против 23 физички и 15 правни лица, осомничени за злосторничко здружување, даночна измама, перење пари и несовесно работење. Според првичните проценки, штетата изнесува околу 90 милиони евра, а незаконските активности се реализирале преку фиктивни договори, манипулации со ДДВ и продажба на недвижности.

Како што информираа на денешниот брифинг со новинари во ОЈО ГОКК, иницијативата за истрагата потекнува од Управата за јавни приходи, а предметот опфаќа период од 2019 до 2024 година.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски на брифингот нагласи дека Обвинителството внимателно ги цени основите за случајот.

Да се остави на проценка на Обвинителството да се процени кои мерки се потребни за обезбедување. Основите за тоа ЈО внимателно ги цени. Сега истрагата почнува, што ќе излезе натаму, ќе видиме, се надеваме дека ЈО во рокот ќе поднесе обвинение- изјави Коцевски.

Шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, информираше дека истрагата опфаќа период од 2019 до 2024 година и дека штетата се проценува на околу 90 милиони евра.

Има вкупно 23 обвинети физички и 15 правни лица. Се сомничат за злосторничко здружување, даночна измама, перење пари и несовесно работење. За дел од обвинетите има побарано притвор, за дел други мерки на обезбедување, рече Абази.

Обвинителката Верица Бержецка Крстева нагласи дека станува збор за голем број поврзани компании.

Станува збор за обемна документација на меѓусебно поврзани фирми, изјави Бержецка Крстева.

Таа информираше дека незаконските активности се реализирале преку фиктивни договори, манипулации со ДДВ и продажба на недвижности по екстремни цени. Деловните простории кои што биле продавани, како што дополни, се наоѓале во Струмица и сите се во сопственост на правното лице Крмзов.

Осомничени се сметководители, управители на правни лица и инспектори на УЈП, а се разгледува можноста истрагата да се прошири со нови лица и временски периоди, дополни обвинителката.

На прашањето од каде потекнува иницијативата за предметот, обвинителката информираше дека е од Управата за јавни приходи.

Иницијативата била на УЈП која имала одредени сомневања во одредени инспектори за одредени поврати на ДДВ на фирми кои не покажувале голем обрт на средства, рече таа.

Додека, во однос на тоа каде завршиле парите, таа рече дека исплатените поврати неколку пати се свртуваат низ поврзаните правни лица.

-За секој од исплатените поврати, тие неколку пати се свртуваат низ поврзаните правни лица, со цел купување недвижен имот, со дел се почнати згради, плаќање комуналии, плати, купување роба од Кина и Турција, појасни таа, дополнувајќи дека дел од имотот на осомничените е замрзнат.

Во септември лани беше спроведена акција за даночно затајување во фирми во Струмица, Скопје и Гостивар. Беа приведени четири лица, а државниот јавен обвинител информираше дека е оформен предмет за даночна измама и за перење пари и дека се сослушани три лица, а за едно се предложени мерки за претпазливост.

Истрагата на надлежните органи околу случајот „Крмзов“ покажува дека повеќе милиони евра од Еуростандард банка се префрлани на сметки во Турција. Истрагата се однесува на повеќе струмички компании, кои биле дел од шемата на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов за злоупотреба на парите. Фирмите поврзани со струмичкиот бизнисмен, како што информираа на денешниот брифинг, заработиле над 30 милиони евра од поврат на ДДВ преку фиктивни фактури.

На Крмзов вчера му беше определен триесет дневен притвор поради опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото.

Премиерот Христијан Мицкоски на 16 септември, лани, во врска со последната акција за даночно затајување рече дека таа е една од низата вакви истраги што ќе следуваат во претстојниот период.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски најави набавка на униформи: Спорната набавка е законска, но немаше доволно критериуми во тендерот
Следна Статија (Видео) Детали за пукањето во училиштето во Грац: најмалку осум загинати, телото на напаѓачот пронајдено во тоалетот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсениот од Народна банка, за кого Манев тврди дека го уништил пиштолот на Палчо, сè уште е во полициска станица

Уапсениот Зоран Д., кој е вработен во Народна банка, а вчера беше приведен под сомнение дека го зел и уништил…

June 21, 2025
ХРОНИКА

Езерската полиција трага по исчезнат нуркач во Охридско езеро

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал…

August 9, 2025
ХРОНИКА

Тетовска полиција уапси млад скопјанец, бил фатен на дело додека предизвикувал пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со…

August 15, 2025
ХРОНИКА

Во несреќен случај загина 46-годишен камионџија од Желино

Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од село Горњане кон село Блаце, камион…

April 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?