Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АХВ да не ја префрла одговорноста, итно да го спроведе извршното решение за кравите, бара градоначалникот на Крива Паланка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > АХВ да не ја префрла одговорноста, итно да го спроведе извршното решение за кравите, бара градоначалникот на Крива Паланка
МАКЕДОНИЈА

АХВ да не ја префрла одговорноста, итно да го спроведе извршното решение за кравите, бара градоначалникот на Крива Паланка

Објавено March 1, 2026 10:51
Сподели
Сподели

Проблемот со кравите кои слободно шетаат во Крива Паланка треба да се реши веднаш и тоа од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, порача денес на прес конференција градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој рече дека Општината ќе ги понуди сите распожливи средства за да се реши повегодишниот проблем со напуштените крави, но доколку АХВ и натаму ја префрла одговорноста, се закани со повикување на граѓанска непослушност и со други мерки.

„По повод изнесените обвинувања од страна на Агенција за храна и ветеринарство, денес одржав прес-конференција на која јавно реагирав и побарав итно спроведување на правосилното и извршно решение донесено на 5 март 2024 година, со кое е изречена мерка за одземање на добиток согласно член 36 од Законот за заштита и благосостојба на животните“, се вели во изјавата на Митовски.

Тој нагласи дека обидите за префрлување на одговорноста кон општината се правно неосновани и не ја менуваат фактичката состојба бидејќи решението е донесено од страна на Агенцијата, правосилно е и извршно од април 2024 година, но до денес не е спроведено.

„Надлежноста за донесување и спроведување на мерката за одземање е исклучиво на Агенцијата и дека општината нема законска основа да ја преземе таа надлежност. Во таа насока, институционалната одговорност не може да се релативизира преку јавни соопштенија“, изјави градоначалникот на Крива Паланка.

Тој додаде дека во меѓувреме, проблемот со добитокот што со години предизвикува штети во Крива Паланка продолжува да создава последици врз јавните површини, приватниот имот, безбедноста во сообраќајот и благосостојбата на животните.

„Општината останува подготвена да обезбеди логистичка и кадровска поддршка за спроведување на решението, но не може и нема да ја преземе законската надлежност на државна институција“, истакна Митовски и порача дека времето за меѓуинституционално препукување е завршено и дека очекува постапување на терен, согласно сопственото правосилно и извршно решение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Алиу: Министерството нема да дозволи ниту еден од пациентите со ретки болести да чека ниту ден за овие лекарства
Следна Статија Dlaczego 30 darmowych spinów Mostbet to przełom

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Поголем број биле неажурни: Објавен извештајот за работа на судовите

Шеснаесет судови биле ажурни во 2025 година, од нив 14 основни и два апелациски во Штип и во Гостивар. Неажурни…

March 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сања Лукаревска со фалсификуван Кембриџ сертификат седум години била директор на УЈП!

Заменик претседателката на опозициската СДСМ, Сања Лукаревска од 2017 година до 2024 година била директорка на Управата за Јавни Приходи…

November 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонија има двојно помалку пожарникари од законски предвидените, не постои тренинг центар, возилата се стари по 50 години

Во моментов во земјава имаме помалку од 400 пожарникари во сите единици на противпожарна заштита, иако согласно закон бројот треба…

June 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Мисајловски: Воените хеликоптери М-8 кои беа на ремонт во Чешка пристигнаа во Македонија

Денес во касарната ,,Страшо Пинџур” во Петровец, пристигнаа двата воени хеликоптери М-8, кои беа целосно ремонтирани од Чешкиот ремонтен завод,…

November 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?