Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети, уништени 22,3 тони небезбедна храна | ФОТО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети, уништени 22,3 тони небезбедна храна | ФОТО
ЕКОНОМИЈА

АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети, уништени 22,3 тони небезбедна храна | ФОТО

Објавено February 13, 2025 13:33
Сподели
Сподели

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), неделава ( 10-12.02.2025 година), на целата територија во државава, спроведоа 124 вонредни контроли кај големите маркети кои имаат ланци на супермаркети, дисконти и хипер маркети.

Целта на контролите беше проверка дали операторите се регистрирани во АХВ за сите дејности и активности во секој од објектите, дали и колку се исполнети општите и посебните хигиенски услови за храна, со акцент на спроведување на контроли во деликатес одделите и месарниците, како и во месарниците кои изработуваат свежи подготовки од месо.

Покрај ова се контролираше и исполнетоста на процедурите за чистење и дезинфекција на опремата, приборот за работа и спречување на вкрстена контаминација, снабдувањето со безбедна вода, поседувањето на санитарни книшки и сертификати за стручна подготовка на вработените лица кај операторите, чувањето и складирањето на храната, нејзиното потекло, следливоста (проверка на комерцијалните документи), како и почитувањето на температурниот режим за храната од нејзиниот прием до ладилник. Контролирано беше и водењето на записи за НАССР и Добра производствена и Добра хигиенска пракса, означувањето на храната, плановите за сопствено мострирање на операторите, спроведувањето на операциите за пакување/препакување, дезинфекција, контрола на штетници, а со вонредните контроли опфатени беа и магацините на операторите.

Донесени се 47 решенија за утврдени недоследности, изречени се 29 парични казни во вкупна вредност од 82 илјади евра во денарска противвредност. Кај 15 оператори утврдени се незадоволителни хигиенски и технички услови во објектот, кај 12 најдена е храна со поминат рок на употреба, а кај 5 храна без следливост, со оштетена амбалажа, недекларирана и сл. Тројца од контролираните оператори не извршиле задолжителни здравствени прегледи за вработените, 10 не воделе записи за HACCP, Дора хигиенска и Добра производствена пракса. Кај 4 оператори најдени се несоодветно означени производи, а еден објект не бил регистриран.

Нештетно се уништени 22,3 тони небезбедна храна, од кои најголем дел месо.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија БЈБ и Царина спречија меѓународен шверц: Двајца приведени на ГП „Богородица“ фатени со 188 килограми марихуанa
Следна Статија Си играл со вратата, паднала врз него – тешко повредено осумгодишно дете

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Не не буткајте на улица, дајте да седнеме да се договориме за зголемување на платите

Борбата за зголемување на минималната плата не е борба против Владата или за затворање на компаниите, туку е борба за…

August 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Warner Bros наводно ќе го одбие понудата на Paramount од 108 милијарди долари

Се очекува Warner Bros да им препорача на своите акционери да гласаат против понудата веќе во среда.

December 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Преземаме мерки за да се избегне блек-оут како во Шпанија и Португалија, велат Божиновска и Бислимоски

Шпанско – португалскиот искуство со прекините на електричната енергија треба да се истражи, да се преземат мерки и чекори за…

April 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Активноста на услужниот сектор во Кина повторно забавена, што укажува на слаба економија

Услужниот сектор во Кина се прошири со најслаб интензитет во изминативе пет месеци, додавајќи повеќе докази за слаба потрошувачка побарувачка…

December 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?