Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска од Бразил
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска од Бразил
ЗДРАВЈЕ

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска од Бразил

Објавено December 14, 2025 10:38
Сподели
Сподели

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин „Ќафасан“ спречиле увоз на пратка замрзнато пилешко месо од Бразил, која не ги исполнувала условите за увоз, а сето тоа заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип).

Во пратката имало над 26 тони односно 2 167 пакувања по 12 килограми замрзнат пилешки батак без коска.

Како што информираат од АХВ, причина за донесеното Решение за забрана за увоз е тоа што пратката била во спротивност со веќе донесеното Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил.

Според ова Решение, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Откако ветеринарите на АХВ го донеле Решението за забрана, целата пратка пилешко месо е вратена во земјата извозник – Бразил.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гугл обични слушалки претвора во моментни јазични преведувачи
Следна Статија Нобеловата лауреатка Марија Корина Мачадо успеа да избега од Венецуела

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Брет Вајнштајн објаснува зошто мНРА вакцините носат миокардитис: Не е лошо, туку е многу полошо!

Целта на мНРА вакцините против Ковид-19 е да создадат таканаречен спајк протеин, кој, пак, се создава насекаде во телото, на…

August 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

ЦДЦ одобри значајна промена во детските вакцини

Центарот за контрола и превенција на болести формално одобри значителна промена во распоредот на детски имунизации, која вклучува промена на…

December 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

АХВ:Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1.740 килограми небезбедна храна

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)  пред велигденските празници. Кај 16…

April 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Сејфрид: Две „горива“ го хранат ракот, без нив тој не е можен, но има еден проблем…

Угледниот американски биохемичар, доктор Томас Сејфрид, одговорите на прашањата од МИА ги започнува со цитирање на писателот, добитникот на Пулицер…

October 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?