Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ахмети го условува влезот во секоја идна влада со нејзин избор со бадентер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ахмети го условува влезот во секоја идна влада со нејзин избор со бадентер
ПОЛИТИКА

Ахмети го условува влезот во секоја идна влада со нејзин избор со бадентер

Објавено December 22, 2025 19:24
Сподели
Сподели

Избор на Влада и носење на одлуки на Уставен со Бадинтер за законите што во законодавниот дом се донесени со двојно мнозинство ќе биде условот на Али Ахмети и на ДУИ да влезат во која било идна македонска влада. Ова денеска на брифинг со медиумите во седиштето во Мала Речица го порача лидерот на ДУИ.

Ахмети, кој беше придружуван од новото потесно раководство на “интегративците“ е уверен дека таквите негови барања не излегуваат од рамката на Охридскиот договор.

Ова не е штетно решение, а не е ниту тешко да се реализира, а притоа ќе донесе поголема стабилност на државата и зајакнување на нејзината единственост и функционирање на мултиетничкиот концепт. Рамковниот договор не беше совршен и во неговиот дух е е зајакнување на унитарноста на државата.

Ние сме легалисти и имаме предлог до сите што, убедени сме, може чесно да помине“, изјави Ахмети.

Тој ги отфрла тврдењата дека ваквиот предлог го дава за да може да политички да се пазари, бидејќи во моментов го поседува бадентеровото мнозинство во Парламентот.

Лидерот на ДУИ одбегна да одговори прецизно на прашањето зошто ваков предлог не понудил на политичката маса во претходните речиси 23 години, колку со мали прекини беа постојано владејачка партија. И, како од позиција на опозиција смета дека има можност да постави вакви услови. Инсистираше на ставот дека новиот договор што го нуди е, како што вели, за спас на Македонија, а не за враќање на партијата на власт, иако не одговори на неколку пати повторените прашања од новинарите како ќе ги натера лидерите на македонските партии да го прифатат договорот.

Тој тврди дека оваа понуда со која излегле не е набрзина склопена туку долго ја анализирале заедно со домашни и со странски познавачи на Рамковниот договор и, е убеден дека дошле до решение што не е еуфорично и не предизвикува вознемиреност кај Македонците.

„Сè повеќе се шират гласини дека мултиетничката држава е нефункционална. Некои размислувања со етнички контотација не враќаат во периодот пред речиси 25 години. Слушаме тези и од дома и од надвор за поделба на државата .

Ние остануваме на ставот дека Македонија треба да биде унитарна држава со граѓани што ќе имаат еднакви можности. Во тој контекст гласањето на влада со двојно мнозинство и гласањето со Бадентер во Уставниот суд е во тој правец и не остава простор за поделба на Македонија“, потенцираше првиот човек на „интегративците“.

Ахмети упати и индиректна порака до мнозинството дека со национализам ја водат државата во погрешен правец “Албанци вазали на македонските политички партии им користат, но и штетат на државата, бидејќи не нудат одржливи решенија. Се наоѓаме во преопасни ситуации геополитички, вели тој.

На прашањето дека е направена голема чистка во раководството на партијатапо конгресот и зошто тој не заминал ако веќе смета дека со промените ќе ја реформира партијата, Ахмети рече дека „капетанот последен го напушта бродот додека бродот не стаса до брегот“. А, на дополнителното прашање дали брегот е Илинденска броој 2, поточно Владата тој одговори дека брегот е „Европската унија и стабилна држава“.

Лидерот на ДУИ одби да одговори дали е ова негов последен мандат. Како што рече 15 години е помлад од американскиот претседател Трамп, а промените за кои се залага и соработниците го подмладуваат.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пешиќ официјално на клупата на Баерн
Следна Статија Целосна блокада на Евзони за влез во Грција – рампата е спуштена од 18:40 часот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Програмата ќе ја работам со граѓаните и ќе дадам се од себе за победа уште во првиот круг во Град Скопје

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, во своето гостување во емисијата „Заспиј…

July 9, 2025
ПОЛИТИКА

Taравари: Mногу легитимно е од премиерот Мицкоски што бара гаранции

Според министерот за здравство Арбен Таравари, по изборите во Бугарија и изборите во САД, ќе се изнајде решение што ќе…

October 24, 2024
ПОЛИТИКА

Костова: Панче Тошковски требаше да си даде оставка од морални причини

За жал, она што го гледаме е крајно селективна, пристрасна и истрага која што оди во насоки во коишто бега…

April 15, 2025
ПОЛИТИКА

Лукровски „Со љубов за Карпош“: Транспарентно носење ДУП-ови во интерес на граѓаните

Можам да ветам дека се што ќе правиме, ќе правиме транспарентно, нема да работам во интерес на поединци, рече кандидатот…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?