Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Аџет“ почна со сезонски летови од скопскиот аеродром до Анкара, Чукурова и до Дијарбакир во Турција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > „Аџет“ почна со сезонски летови од скопскиот аеродром до Анкара, Чукурова и до Дијарбакир во Турција
ЕКОНОМИЈА

„Аџет“ почна со сезонски летови од скопскиот аеродром до Анкара, Чукурова и до Дијарбакир во Турција

Објавено June 2, 2025 11:35
Сподели
Сподели

Меѓународниот аеродром „Скопје“ од 1 јуни се поврза со уште три града во Турција. Авиокомпанијата „Аџет“ изминатиов викенд почна да лета до Анкара, Чукурова и до Дијарбакир, три нови дестинации за одмор, соопшти аеродромскиот оператор „ТАВ Македонија“.

Сезонските летови од Скопје до Анкара и до Дијарбакир ќе се одвиваат еднаш неделно, летовите на „Аџет“ до аеродромот „Чукурова“ двапати во неделата, а до сите три дестинации ќе се лета од 1 јуни до крајот на септември годинава.

„Директното поврзување на Меѓународниот аеродром ‘Скопје’ со трите нови дестинации во Турција е од голема важност од повеќе аспекти затоа што секоја област носи свои бенефити. Спојот на двата главни града, Скопје и Анкара, ќе придонесе за зголемена трговска размена, брза бизнис-логистика меѓу Македонија и Турција, лесен пристап до турскиот пазар, бизнис-мобилност, туристичка и културна размена, образовна и академска соработка, поврзување на заедниците, а ќе придонесе и за дополнително унапредување на политичките и дипломатските односи“, изјави Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Воспоставувањето на авиоконекцијата на Скопје со Чукурова и до Дијарбакир, пак, ќе донесат значајни стратешки, економски, туристички и културни бенефити за земјата, велат од „ТАВ Македонија“.

Чукурова е голема плодна област, која ги опфаќа Адана, индустриски и аграрен центар, и Мерсин, туристички потенцијал, дестинација на турската медитеранска ревиера. Она што е исто така значајно е што во Македонија постои голема популација по потекло од овие две области, со што авиоповрзувањето ќе ги олесни комуникацијата и одржувањето на семејните врски.

Со новите три дестинации авиокомпанијата „Аџет“ од Меѓународниот аеродром „Скопје“ ќе има вкупно 4 дестинации, вклучувајќи ја и веќе постојната линија до Истанбул, до аеродромот „Сабиха Гокчен“.

Во тековната летната сезона 2025 вкупно четири авиокомпании летаат меѓу Турција и Македонија до вкупно 6 града и 7 аеродроми во Турција. Од Меѓународниот аеродром „Скопје“ и од аеродромот „Свети апостол Павле“ во Охрид, „Туркиш ерлајнс“ лета до Истанбул (аеродромот ИГА); „Пегасус ерлајнс“ лета од скопскиот аеродром до Истанбул (аеродромот „Сабиха Гокчен“), Измир и до Анталија, „Аџет“ исто така лета од Скопје до Истанбул (аеродромот „Сабиха Гокчен“), а „Сан експрес“ лета од Скопје до Анталија и до Измир.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Европа има шанса да исправи историска неправда, суштината на официјална Софија е создавање на нова македонска нација
Следна Статија (Видео) Би-би-си: Генијалниот украински напад со беспилотни летала испраќа клучна порака до Русија – и Западот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Азиските акции подготвени да продолжат со растот кон нов рекорд

Азиските акции продолжија со растот до ново историско ниво, паралелно со забрзувањето на позитивните трендови во технолошкиот сектор на САД

February 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Вредноста на синдикалната минимална кошница во септември намалена за 430 денари

За покривање на основните животни потреби, во септември на четиричлено семејство му се потребни 65.077 денари, пресмета Сојузот на синдикати…

September 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Увозници го тарифирале месото со пониски царински стапки за да избегнат плаќање давачки

Во пет случаи при контроли на увоз на месо е остварена дополнителна наплата од 11 милиони денари или 178,9 илјади…

May 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Она што се случува со перформансите на германската економија кај нас ќе се почувствува во вториот квартал од следната година

Она што сега се случува на економско поле во Германија ние нема веднаш да го почувствуваме. Сепак, можно е во…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?