Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Банкарскиот сектор е целосно вклучен во шемата за кредитни трансфери на СЕПА
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Банкарскиот сектор е целосно вклучен во шемата за кредитни трансфери на СЕПА
ЕКОНОМИЈА

Банкарскиот сектор е целосно вклучен во шемата за кредитни трансфери на СЕПА

Објавено March 26, 2026 10:34
Сподели
Сподели

Уште една банка се приклучи кон шемата за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) со што се заокружи процесот на влез на целокупниот банкарски сектор од домашната економија во оваа платежна шема.

Вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПА претставува значаен чекор во натамошната интеграција на домашниот платен систем во европскиот платен простор и придонесува за унапредување на ефикасноста, брзината и транспарентноста на прекуграничните плаќања за граѓаните и за компаниите.

Со целосното вклучување на банкарскиот сектор во шемата за кредитни трансфери на СЕПА се овозможува поширока достапност на овие услуги за граѓаните и компаниите, како и зголемена конкуренција и понуда на платежни услуги на домашниот пазар. Ова општо придонесува за намалување на надоместоците и подобрување на транспарентноста при извршувањето на прекуграничните плаќања, особено за компаниите коишто активно тргуваат со земјите од Европската Унија и со другите земји членки на СЕПА.

Народната банка, во соработка со банките и со другите учесници на пазарот, и натаму активно ќе работи на унапредување на платежната инфраструктура и на понатамошно усогласување со европските платежни стандарди. Во наредниот период ќе продолжат активностите насочени кон натамошно проширување на учеството на домашните институции во останатите шеми на СЕПА, заради обезбедување сигурни, ефикасни и современи платежни услуги за граѓаните и за компаниите.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рокот за подигање на ваучери за инвертер клими истекува на 17 април
Следна Статија Шест македонски волови ја преминаа бугарската граница кај Ѓуешево и станаа проблем

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Прва жена машиновозач почна да работи во МЖ Транспорт

Зорица Божинова, првата жена со лиценца за машиновозач во Р. Македонија🇲🇰 од денес и официјално вработена во МЖ Транспорт Нека…

June 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Објавено е најновото рангирање: Која земја е најиновативна во светот?

Шест од десетте најиновативни земји во светот се европски, но Кина се најде на листата за прв пат, исфрлајќи ја…

September 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Договорот за стратешко партнерство со Британија ќе биде потпишан во четврток во Лондон

Условите за враќање и каматните стапки за средствата од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство ќе бидат подобри од…

May 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонија ќе му понуди нула царини на Трамп – Ваквиот потег нема да има негативно влијание на буџетот

Македонија може да ги намали и до нула царинските стапки за САД, бидејќи трговската размена со нив е многу ниска.…

April 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?