Барселона и Интер одиграа неверојатен меч кој заврши 3-3, победникот ќе се решава во Милано, но она што се случуваше на Монжуик уште долго ќе се памети.
Калчолигашот ги казнуваше сите грешки, слабости на домаќините кои пак не се предаваа, се враќаа од негатива од 2-0, 3-2 што е најава дека не очекува супер „второ полувреме“ наредната седмица.
Тирам и Дамфрис ја шокираа Барса со двата погодоци кои ги постигнаа до 21 минута, но избраниците на Флик се вратија веќе до крајот на првиот дел со головите на Јамал и Торес.
Со овие 2-2 се замина на пауза по која до новиот гол се чекаше до 64 минута која Дамфрис одново стрелаше, меѓутоа одговорот од Шпанците експресно стигна и Рафиња со помош на Зомер донесе 3-3.
Интер до крајот уште еднаш ја матираше домашната екипа, но поради офсајд беше поништен голот на Мхитарјан. Барселона пак се закануваше преку Рафиња, додека Јамал погоди пречка во 87 минута.