Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Барселона врши мобинг врз Тер Штеген“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > „Барселона врши мобинг врз Тер Штеген“
СПОРТ

„Барселона врши мобинг врз Тер Штеген“

Објавено August 8, 2025 10:08
Сподели
Сподели

Барселона вчера објави дека му ја одзема капитенската лента на голманот Марк-Андре тер Штеген поради дисциплинска постапка што клубот ја покрена против него два дена претходно.

Тер Штеген зад себе има две тешки сезони, обележани со повреди. Клубот поради тоа започна да врши притисок врз него да си замине од „Ноу Камп“.

33-годишниот голман, кој неодамна имаше операција на грбот, влезе во конфликт со клупските челници откако одби да ѝ дозволи на Барса да ги сподели неговите медицински податоци со Ла Лига. Клубот сакаше да го стори ова за да може тоа тело да ја процени должината на неговата недостапност.

Според каталонскиот печат, Барселона имала намера да го искористи неговото долгорочно отсуство за да ги почитува прописите на Ла Лига за финансиски фер-плеј и да ги регистрира своите нови играчи. Клубот не мпже да го стори тоа бидејќи голманот одбива да ги сподели тие информации.

Хуан Игнасио Гарсија-Очоа се осврна на ова во колумна во „Марка“.

„Нешто смрди во Барселона со месеци. Она што започна како обична гласина и шпекулација за Тер Штеген, се претвори во практика што има многу јасно име: мобинг. Да, малтретирање на работното место. И што е најлошо, ова не е прв таков случај во клубот.

Хронологијата го истакнува „неоснованото и апсурдно“ обвинување од клубот дека Тер Штеген вршел притисок врз тренерот Ханси Флик да биде прв голман на тимот. Ова е направено со цел да се оцрни неговиот имиџ и да се подготви теренот за негово заминување“, пишува новинарот Очуа во својата колумна.

„Потоа, следуваше потег што ги потврди сомнежите: доаѓањето на Жоан Гарсија и притисокот врз Тер Штеген да го напушти клубот. Но, германскиот голман решително одби, што јасно го кажа на прес-конференцијата за време на Лигата на нации. Тој го кажа тоа еднаш, гласно и јасно, и нагласи дека нема повторно да зборува за таа тема за да не се повторува и затоа што не сакаше повеќе бучава отколку што е потребно. Тој е човек од збор и знаеше за што зборува: Нема да ја напушти Барселона. А зошто би заминал? Неговата плата, која сега е толку критикувана во менаџерските кругови, е резултат на лична жртва што многумина ја забораваат, драстично намалување што го прифати за време на пандемијата за да му помогне на клубот во еден од најтешките периоди.“

Гарсија-Очоа понатаму пишува дека со притискањето на Тер Штеген, Барселона прави „невиден потег, потег што е на работ на легалноста и професионалните норми“.

„Не е ли ова класичен пример за мобинг?“ На ова се придружува и протекувањето детали од неговиот договор, практика што клубот систематски ја користи со други играчи, како што се Де Јонг, Араухо или Рафиња. Сите тие знаат какво е да се биде под лупа, да се чувствува притисокот од административните канцеларии и да се види како нивното име се вади во медиумите. Не е случајно што целата соблекувална сега стои покрај својот капитен. Бидејќи тука не се работи само за Тер Штеген, туку за токсичен модел на управување кој сè повеќе влијае на расположението на тимот, кој е сè повеќе лут и незадоволен од однесувањето на клубот.

Барселона има проблем, а тоа не е само Тер Штеген. Тоа е модел на управување базиран на исцрпување, внатрешен притисок, контролирано протекување на информации и занемарување на сопствените играчи. Институција која се гордее со своите вредности, но не се срами да користи многу сомнителни методи кога ѝ одговара“, се заклучува во текстот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Народната банка работи на нови мерки за полесен пристап до кредити за прв стан
Следна Статија Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Koга тим вреден повеќе од една милијарда евра игра како аматери

Според порталот Трансфермаркт мадриѓаните вредат 1.270.000.000 евра, додека вкупната вредност на Арсенал е нешто помала и изнесува 1.130.000.000 евра. Фудбалерите…

April 9, 2025
СПОРТ

Нестварно, англиските клубови досега потрошиле 1,87 милијарди евра за засилувања

Ова лето, клубовите од англиската Премиер лига ги поместуваат сите граници поставени досега кога станува збор за парите инвестирани во…

July 26, 2025

Анкета на Пинкбајк: Како ги надувувате вашите гуми?

Повик до сите обожаватели на Шредер вентилите

January 4, 2026
СПОРТ

Невреме и силни бранови го прекинаа 38. Охридски пливачки маратон

Поради лошите временски услови проследени со силен ветар и бранови во 14 часот и 30 минути прекинт е 38. Охридски…

August 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?