Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Барселона и Манчестер јунајтед се договорија за Рашфорд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Барселона и Манчестер јунајтед се договорија за Рашфорд
СПОРТ

Барселона и Манчестер јунајтед се договорија за Рашфорд

Објавено July 20, 2025 09:13
Сподели
Сподели

Фудбалерот на Манчестер јунајтед и репрезентативец на Англија, 27-годишниот Маркус Рашфорд, дефинитивно ќе игра за Барселона во новата сезона.

Како што објави секогаш добро информираниот новинар и инсајдер Фабрицио Романо, Каталонците утрово испратиле официјална понуда до Манчестер јунајтед и постигнат е договор меѓу двата клуба.

„Позајмица со опција за откуп!“

Сите детали од договорот се финализираат, Манчестер јунајтед го одобри заминувањето на Рашфорд во Шпанија, каде што се очекува да помине медицински прегледи и официјално да го потпише договорот.

Во последните 24 часа, Барселона дефинитивно се сврте кон Маркус Рашфорд откако беше утврдено дека договорот со Колумбиецот Луис Дијаз од Ливерпул ќе биде прескап.

Доаѓањето на Маркус Рашфорд го одобри и тренерот Ханси Флик.

Маркус Рашфорд е дете на Манчестер јунајтед, тој играше за познатиот англиски клуб за прв пат во 2016 година, но во меѓувреме падна во немилост на менаџерот Рубен Аморим и го помина вториот дел од минатата сезона на позајмица во Астон Вила. Тој одигра 17 натпревари за клубот од Бирмингем, постигна четири гола и додаде шест асистенции.

Рашфорд одигра вкупно 426 натпревари за Манчестер јунајтед и постигна 138 гола.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: Нема трајно вработување за образовните асистенти
Следна Статија Лежалките на оваа црногорска плажа чинат 200 евра (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Мбеумо: Го носев овој дрес додека растев

Брајан Мбеумо ги заврши сите формалности и официјално стана член на Манчестер јунајтед. Станува збор за фудбалер кој игра на…

July 22, 2025
СПОРТ

На водачот на навивачите на Борац му пукале директно во глава, немало шанса да преживее

Дејан Костиќ Дела, водач на навивачите на Борац Бањалука, бил застрелан со неколку истрели во главата. Во моментот на нападот…

January 13, 2025
СПОРТ

Вардар предложи јужната трибина да го добие името Васил Рингов

На денешната комеморација одржана во чест на починатиот Васил Рингов, ФК Вардар веќе поднел иницијатива јужната трибина на стадионот „Тодор…

December 28, 2025
СПОРТ

Свечено затворен ЕМОФ 2025

Со присуство на спортистите учесници на платото пред СЦ „Јане Сандански“ синоќа во Скопје е затворен Европскиот младински олимписки фестивал…

July 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?