Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бежоска: Членството во СЕПА е стратешко достигнување, ќе овозможи поефикасни и поевтини прекугранични плаќања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Бежоска: Членството во СЕПА е стратешко достигнување, ќе овозможи поефикасни и поевтини прекугранични плаќања
ЕКОНОМИЈА

Бежоска: Членството во СЕПА е стратешко достигнување, ќе овозможи поефикасни и поевтини прекугранични плаќања

Објавено April 27, 2025 11:15
Сподели
Сподели

Членството на нашата земја во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), е потврда за успешните регулативни реформи предводени од Народната банка и следствено – високите регулативни стандарди коишто се применуваат од страна на финансиските институции, што е важно за натамошното поттикнување на конкуренцијата, иновациите, но и за задржувањето на финансиската стабилност, како предуслов и за макроекономската стабилност. Светската банка (СБ) ќе продолжи да ги поддржува активностите на Народната банка за ефективно приклучување на нашите финансиски институции кон европските платежни системи, како и за приклучување кон регионалниот проект за инстант плаќања. Ова беше истакнато на средбите на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска со високите претставници на Светската банка, односно заменик-претседателката на СБ за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, директорката за Западен Балкан, Шијаочинг Ју, директорот за Северна Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи, во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светската банка. На состаноците учествуваа и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами.

Во насока на понатамошна интеграција на финансискиот систем и унапредување на квалитетот на услугите за граѓаните и стопанството, Ангеловска-Бежоска информираше за постигнатиот успех – приклучувањето кон СЕПА. Таа потенцираше дека овој чекор е резултат на големиот напор во изминатиот период за реформирање на законската и регулаторната рамка и нејзиното усогласување со европските стандарди. Оваа стратешка определба не само што ќе овозможи поефикасни и поевтини прекугранични плаќања, туку и ќе го поддржи процесот на европската интеграција.

Членството во СЕПА е стратешко достигнување, но и основа за предизвиците коишто претстојат. Народната банка со поддршка на Светската банка, продолжува со усогласување на националното законодавство со законодавство на Европската Унија. Народната банка веќе ги донесе дополнителните промени во регулативната рамка за извршување на плаќањата со странство, коишто ќе започнат да се применуваат од 5 октомври годинава, кога давателите на платежни услуги ќе може за првпат да се приклучат кон платните системи во СЕПА. Следната година фокусот ќе биде на инстант-плаќањата. Овие активности ја потврдуваат посветеноста на Народната банка кон целосна финансиска интеграција во ЕУ”, истакна гувернерката во своето обраќање на тркалезната маса посветена на СЕПА, при што посочи дека домашните банки во соработка со Народната банка напорно работат во следните неколку месеци целосно да се интегрираат во европскиот екосистем за плаќања, нудејќи им на своите клиенти услуги еднакви со оние коишто се нудат во ЕУ.

На средбите со високите претставници на Светската банка позитивно беа оценети и политиките на Народната банка за одржување на финансиската стабилност, при што акцент беше ставен на техничката помош од Светската банка, со којашто преку повеќе проекти дополнително се јакнат капацитетите на земјата и централната банка во неколку области поврзани со банкарскиот систем. Тие се однесуваат на унапредување на макропрудентната рамка како и финализирањето на подзаконските акти на Законот за решавање на банки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Аукција на уметнички дела за настраданите во Кочани
Следна Статија Еве кој е иницијатор на крајот на десетгодишниот брак на Ана Ивановиќ и Швајни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Амазон дозволува на работниците со визи да работат далечински во Индија со ограничувања

Амазон им овозможува на вработените во Индија погодени од одложувањето на H-1B визите да работат далечински до март, со строги…

January 2, 2026

Софтверски пазар на мечка: 3 акции со потенцијал за раст од 47% до 63%, според Волстрит

Многу аналитичари од Волстрит сè уште веруваат дека софтверските бизниси се стабилни

February 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Од утре пензионерите со повисоки пензии

Повисоки пензии од утре добиваат сите пензионери во земјава. На сметките на над 300 илјади пензионериќе легнат зголемени мартовски пензии…

March 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Миноски: Глобалната геополитика, Македонија и инфлацијата

Глобалните промени што се одвиваат со голема динамика неминовно ја наметнуваат потребата од нивно следење и анализа на потенцијалните последици…

February 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?