Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Безбеден град“ стартува на 1 јануари 2026: Затвор и трајно одземање на возила за најтешките прекршоци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Безбеден град“ стартува на 1 јануари 2026: Затвор и трајно одземање на возила за најтешките прекршоци
МАКЕДОНИЈА

„Безбеден град“ стартува на 1 јануари 2026: Затвор и трајно одземање на возила за најтешките прекршоци

Објавено August 29, 2025 09:15
Сподели
Сподели

Во Скопје, во општините Тетово и Куманово, како и вдолж коридорите „8“ и „10“ од 1 јануари 2026 ќе биде спроведен проектот „Безбеден град, безбедна држава“. Се очекува до средината на 2026 година со камери на крстосниците да биде покриена целата територија на Република Македонија. Ова го соопшти вчера министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Охрид на средбата со неговиот словенечки колега Боштјан Поклукар.

Тошковски информираше дека измените во законот за безбедност во сообраќајот и патиштата, во кои се вградени одредбите за „Безбеден град“ во Собранието на Република Македонија го поминаа првото читање пред матичната комисија. Тошковски порача дека со овој закон не се предвидува казнување на граѓаните, заради полнење на државниот буџет, туку оти е целта да се спасат човечки животи.

„Целта на овој систем не е да бидат казнувани македонските граѓани.Целта на овој систем не е да се полни буџетот на Република Македонија, туку да се спаси барем еден човечки живот. Бројките се страшни. Во 2024 година има 142 жртви како последица на непочитување на сообраќајни правила и сообраќајни несреќи, кои кои се случиле. Сигурен сум дека бројките ќе се намалуваат со ставање на системот во функција.“ – нагласи првиот човек на Министерството за внатрешни работи.

Тој порача дека контролите ќе продолжат и оти ќе ги заострат казните особено во Кривичниот законик: освен парична казна ќе се изрекува и казна затвор и трајно одземање на возилата, со кои се сторени кривичните дела.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Токио објави видео од вештачка интелигенција од ерупцијата на вулканот Фуџи за да ги подготви жителите
Следна Статија Марко Пејчиновски успешно го оствари својот подвиг наречен Ironman

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ

Министерството за внатрешни работи соопшти дека до неколку граѓани, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на…

November 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, изразувајќи почит кон неговата улога како глас…

September 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Ако се утврди тешка дисциплинска повреда самиот ќе се повлечам, јавноста ќе цени дали ќе бидам разрешен на законит начин

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски изјави дека ќе се произнесе по предлогот за негово разрешување откако Владата ќе го достави до…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Подарените хеликоптери Ми-24 од Македонија првпат забележани во Украина

На телеграмскиот канал Voeni osvedomitelj (Voennyi Osvedomitel, воен свиркач), кој го следат над 620.000 корисници, се појавија фотографии од поранешните…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?