Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Безбедни ли се карпошани? Повторно „летаа“ делови од фасади
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Безбедни ли се карпошани? Повторно „летаа“ делови од фасади
МАКЕДОНИЈА

Безбедни ли се карпошани? Повторно „летаа“ делови од фасади

Објавено July 11, 2025 10:28
Сподели
Сподели

Координаторот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, Христо Саракинов реагираше на повторниот инцидент со падната фасада во населбата Козле, потенцирајќи ја потребата од системска контрола и одговорност.

„Станува збор за сериозен настан кој, за среќа, помина без повредени, но со јасна порака – безбедноста на граѓаните мора да биде приоритет“, истакна Саракинов, додавајќи дека ова не е прв ваков случај, потсетувајќи дека пред неколку години, на иста ваква кула и во истата населба Козле неколку стотини метри подоле, фасада се урнала под слични околности.

Според него, фасадите се дел од програмата за енергетска ефикасност, изведени во времето на поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски. Тој побара институционална постапка за утврдување на причините за несреќите.

Саракинов постави неколку клучни прашања: Дали изведбата била согласно техничките стандарди?; Кој вршел надзор?; Дали е потребна дополнителна ревизија на слични објекти?

Тој апелираше до градежната инспекција да ги разгледа двата случаи и побара oпштина Карпош да спроведе контрола на сите згради со фасадни интервенции од последните години.

„Во име на граѓаните, бараме вистина, но и корективен пристап кон грешките од минатото“, заклучи Саракинов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Берзите во пораст: Американските царини во втор план, најсилната компанија урива рекорди
Следна Статија Мицкоски: Нова инвестиција од шест милиони евра и 200 нови вработувања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска се празнува Преображение Господово

Третата година од Својата проповед на земјата Господ Исус почесто им зборуваше на Неговите ученици за Неговото скорешно страдање, но…

August 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со кралот на Јордан, Абдула Втори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на состанокот на шефови на држави и влади „Акаба Процес Балканот III” во Софија, оствари средба…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почна интервјуирањето на кандидатите за судија во ЕСЧП во Стразбур

Комисијата за избор на кандидати на Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права(ЕСЧП) денеска на состанок почна интервјуирање…

October 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Факт е дека ако нема организатори, не може да има терористи, вели Мицкоски за случајот „27 април“

Факт е дека ако нема организатори, не може да има терористи. Никој не вели дека тие луѓе не згрешиле, никој…

January 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?