Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Безбедни ли се карпошани? Повторно „летаа“ делови од фасади
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Безбедни ли се карпошани? Повторно „летаа“ делови од фасади
МАКЕДОНИЈА

Безбедни ли се карпошани? Повторно „летаа“ делови од фасади

Објавено July 11, 2025 10:28
Сподели
Сподели

Координаторот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, Христо Саракинов реагираше на повторниот инцидент со падната фасада во населбата Козле, потенцирајќи ја потребата од системска контрола и одговорност.

„Станува збор за сериозен настан кој, за среќа, помина без повредени, но со јасна порака – безбедноста на граѓаните мора да биде приоритет“, истакна Саракинов, додавајќи дека ова не е прв ваков случај, потсетувајќи дека пред неколку години, на иста ваква кула и во истата населба Козле неколку стотини метри подоле, фасада се урнала под слични околности.

Според него, фасадите се дел од програмата за енергетска ефикасност, изведени во времето на поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски. Тој побара институционална постапка за утврдување на причините за несреќите.

Саракинов постави неколку клучни прашања: Дали изведбата била согласно техничките стандарди?; Кој вршел надзор?; Дали е потребна дополнителна ревизија на слични објекти?

Тој апелираше до градежната инспекција да ги разгледа двата случаи и побара oпштина Карпош да спроведе контрола на сите згради со фасадни интервенции од последните години.

„Во име на граѓаните, бараме вистина, но и корективен пристап кон грешките од минатото“, заклучи Саракинов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Берзите во пораст: Американските царини во втор план, најсилната компанија урива рекорди
Следна Статија Мицкоски: Нова инвестиција од шест милиони евра и 200 нови вработувања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Наследивме руиниран систем, но успеавме да ги поставиме темелите на промените

Во оваа тешка година имаме резултати зад нас кои се јасен показател дека стигнавме на солидна основа. Реализиравме или отпочнавме…

June 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Затворен магистралниот пат Ресен – Битола, сообраќајот се одвива во големи гужви по стариот пат

Затворен магистралниот пат Ресен – Битола, сообраќајот се одвива во големи гужви по стариот пат Колоната на возила постојано се…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска – Давкова на Сесијата за младите во Њујорк: Многу од вашите македонски врсници се уморни од тоа чекање за европска иднина

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, пред обраќањето на Генералното собрание на ОН во Њујорк, се обрати на пленарната сесија…

September 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Летонскиот претседател Ринкевич: И ветувавме толку многу на Македонија за да го смени името

Летонскиот претседател Едгарс Ринкевич на Минхенската безбедносна конференција го изнесе своето мислење за Украина и за притисокот на Володимир Зеленски…

February 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?