Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Без кавги, алкохол, мрзеливост: Што треба а што не да се прави на Велики понеделник
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Без кавги, алкохол, мрзеливост: Што треба а што не да се прави на Велики понеделник
МАКЕДОНИЈА

Без кавги, алкохол, мрзеливост: Што треба а што не да се прави на Велики понеделник

Објавено April 14, 2025 08:29
Сподели
Сподели

Последната седмица пред Велигден (Пасха) е Страдална или Страстна седмица, Седмица на маките (страст е црковно-словенски збор и значи: мака, страдание). Страдалната седмица ја претставува последната седмица од Христовиот живот на земјава. Таа е недела на страданијата Господови. Сè е во спомен на последните денови од земниот живот на Спасителот наш Господ Исус Христос: Неговите страдања, смртта и погребението.

Contents
  • Што не треба да правите на Велики понеделник?
  • Што да правите на Велики понеделник:

Оваа седмица се нарекува и Велика седмица, поради големината на настаните што се случиле во неа.

На богослужбите во црквите се потсетува на последните земни денови на Исус Христос, неговото приведување и страдањето на крстот. Оваа седмица не се прават панихиди, помени и акатисти, заради посветеноста на целото внимание и молитва кон големите настани.

Во овие денови на Страдалната седмица, на трпезата, за храна се употребуваат само суви јадења. „И со тоа да бидеме задоволни“, вели правилото од Посниот триод. Постот трае сè до полноќта на Велика Сабота, односно до завршувањето на велигденската света Литургија.

Тоа се најтешките денови и најисполнети со молитви и богослужби. Во првите три дена (Велики понеделник, Велики вторник и Велика среда) низ богослуженијата, верниците се подготвуваат за сеќавањата на Христовите страдања. Трите дена се посветени на последните беседи и поуки на Господа Исуса Христа кон апостолите и кон луѓето.

На Велики понеделник црквата потсетува на осум библиски настани – четири од Стариот и четири од Новиот завет. Велики понеделник е: ден на старозаветниот Јосиф, намразениот од браќа си, ден на пророчките виденија, ден на маките во ропството и ден на праведниот Јов, како и ден на бесплодната смоква, неправедните лозари, за крајот на светот и очистувањето на храмот.

Што не треба да правите на Велики понеделник?

  • Во понеделник, како и во текот на Страсната седмица, не можете да се забавувате, да пеете или да играте и мора да се придржувате до строг пост.
  • да примате гости и да одите на посети;
  • забрането е пиење алкохол;
  • забрането е јадење месо, млечни производи и јајца;
  • забранета е кавга и конфликт;
  • не треба да се оди на гробиштата;
  • не треба да се венча и стапи во брак;
  • не смее да се биде мрзлив.

Што да правите на Велики понеделник:

  • започнете со чистење на куќата и дворот;
  • купете намирници за Велигден;
  • фрлете се што е старо, исчистете го вашиот простор;
  • измијте ги прозорците;
  • направи некоја градинарска работа – засадите цвеќе или дрвце.
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анализа: Каде најмногу купуваат онлајн Македонците во странство, а од каде најмногу се купува од домашните е-трговци?
Следна Статија Црногорец се јавил кај службеничка во Пошта и и’ се претставил како директор – измама за 19.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Четврток е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Во четврток, 28 август, православните верници ќе го одбележат големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, во народот познат како…

August 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утрата ќе бидат ладни, а дневните температури во пораст

Под влијание на стабилна воздушна маса, во наредните денови не очекува суво и стабилно време. Како што прогнозира Управата за…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, значително подобрена и состојбата во Дрисла

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, а целата опожарена површна е затрупана со песок и земја, изјави попладнево директорот на…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР: Одобрувања за патување на деца ќе се издаваат и во сабота

Од МВР ги информираат граѓаните дека ,,Одобрение за патување во странство за малолетни деца”, ќе се издава секој ден од…

May 31, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?