Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бектеши останува во притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Бектеши останува во притвор
ХРОНИКА

Бектеши останува во притвор

Објавено April 29, 2025 16:43
Сподели
Сподели

Апелациониот суд во Штип соопшти дека се завршени постапките по жалбите поднесени на решенијата за притвор во врска со случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Од вкупно осум предмети, во седум случаи жалбите се одбиени како неосновани, а решенијата на Основниот суд во Кочани се потврдени.

Само во еден случај, жалбата на обвинетиот Е.М. е уважена, при што првостепеното решение за притвор е преиначено и заменето со мерка куќен притвор, заедно со дополнителни мерки на претпазливост.

Останатите жалби – поднесени од К.Б., Н.И., Р.Ч.Д., М.С., Б.Х., М.Ѓ. и Р.Д. – се одбиени, а мерките притвор или куќен притвор остануваат на сила.

Штипската Апелација вчера соопшти дека постапуваат по 17 жалби за изречени мерки „притвор“, „куќен притвор“ и мерки на претпазливост поднесени од лица опфатени со истрагата за пожарот. Три жалби се пристигнати во петокот, а вчера 14 жалби.

Во истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март 2025 година, а во кој загинаа 62 лица, се осомничени 68 физички и три правни лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ужас во Кичево: 72-годишник силувал девојче
Следна Статија Тошковски ги прими семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Голем пожар во Куманово: Горат каросерии од автомобили

Повторно голем пожар има на улицата „Индустриска“ во Куманово на отпад за стари автомобили, информираа денеска надлежните од територијалната противпожарна…

July 21, 2025
ХРОНИКА

Еден од повредените во инцидентот во Арачиново им подлегнал на повредите

Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ примени се двете повредени лица во оружениот инцедент што попладнето се случи во селото Арачиново.…

November 1, 2024
ХРОНИКА

Изгоре дуќанот на Тивес во Лептокарија

Пожар избувнал попладнево во дуќанот на Тивес во скопската населба Лептокарија. Пожарот бил локализиран. Извршен е увид и се преземаат…

May 10, 2025
ХРОНИКА

Маж-монструм: Ја принудувал сопругата на проституција

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот…

February 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?