Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Белгија го победи Велс, Македонија останува лидер во групата за СП
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Белгија го победи Велс, Македонија останува лидер во групата за СП
СПОРТ

Белгија го победи Велс, Македонија останува лидер во групата за СП

Објавено June 10, 2025 08:23
Сподели
Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе го дочека септемвриското продолжение на квалификациите за Светското првенство 2006 како лидер во групата Ј благодарејќи на победата на Белгија од 4:3 против Велс во Брисел.

На половина од квалификациите избраниците на селекторот Благоја Милевски се на врвот на табелата со 8 бода, еден повеќе од Велс, Белгија има 4 од два натпревара, Казахстан 3 од три меча, а Лихтенштајн е без бодови од три средби.

На 7 септември од 18 часот „црвено-жолтите“ ќе го пречекаат Лихтенштајн, Белгија ќе му биде домаќин на Казахстан, а три дена претходно Казахстан ќе му биде домаќин на Велс и Лихтенштајн на Белгија.

Белгијците водеа со 3:0 со головите на Ромелу Лукаку од пенал во 15. минута, на Јури Тилеманс четири минути подоцна и на Жереми Доку во 27. минута.

Но, Велшаните стигнаа до израмнување со погодоците на Хери Вилсон во седмата минута од судиското продолжение на првото полувреме, на Зорба Томас во 51. минута и на Бренан Џонсон во 70. минута.

Во 81. минута му беше поништен голот на Лукаку поради аут во почетокот од акцијата, за триумф и три бода на домаќинот да му донесе Кевин де Брујне две минути пред крајот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст
Следна Статија (Видео) „Останете во засолништата“ погодена породилна болница во Одеса, Киев со часови под силен руски напад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Врие во Шпанија поради одлуките на ВАР судиите

Победата на Барселона над Рајо Ваљекано крена голема прашина и донесе промени на табелата во шпанската Ла Лига. Каталонците славеа…

February 18, 2025
СПОРТ

Кајл Витингам именуван за тренер на универзитетот Мичиген

Универзитетот Мичиген официјално го избра Кајл Витингам за нов главен тренер на универзитетскиот фудбалски тим

December 28, 2025
СПОРТ

Дали Гатузо ќе го исполни ветувањето и ќе се исели од Италија?

- Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, го коментираше поразот од Босна и Херцеговина (1:1, 1:4 на пенали) во плејофот за Светското…

April 1, 2026
СПОРТ

Вардар го победи Шкупи, Работнички го загуби врвот на табелата

Гоце Седлоски со победа по вторпат дебитираше на клупата на Вардар, откако со 3:2 славеше над Шкупи во скопската пресметка…

November 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?