Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува
ЕКОНОМИЈА

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

Објавено March 24, 2025 14:15
Сподели
Сподели

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина до еден денар, а цената на дизелот се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04 отсто во споредба со претходната пресметка.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за половина денар по литар и ќе изнесува 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за еден денар и ќе се продава за 77,5 денари по литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за поливина денар и ќе изнесува 68 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ  не се менува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и останува 68 денари за литар, а цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,590 денари за килограм и ќе изнесува 40,755 денари.

Од РКЕ велат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,721 отсто и кај екстра лесното масло за 0,706 отсто, додека кај дизелот има намалувањето за 0,522, а кај мазутот за 1,881 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1162 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тудор возел 10 часа од Сплит до Торино за 500.000 евра
Следна Статија Костовски: Селективност не смее да има, да се истражат сите пропусти на МВР во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Светската банка: Најсиромашните земји во светот се соочуваат со рекордна задолженост и ранливост

Дваесетте најсиромашни земји во светот, дом на 40 отсто од најсиромашните луѓе, се најзадолжени од 2006 година и се поранливи…

October 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Ја поздравувам одлуката на РКЕ за незначително покачување на цената на струјата за домаќинствата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска во пишана изјава за медиумите ја поздравува одлуката и, како што…

December 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Нема зголемување на старосната граница за пензија и на давачките, фокусирани сме на политики за намалување на сивата економија, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА нагласува дека немаат намера да ја зголемуваат старосната граница за заминување во…

January 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од Скопје до Париз нова линија со авиокомпанијата Изиџет

Имаме две добри вести, првата е дека конечно ќе се воспостави директна линија од Скопје до Амстердам, што е огромна…

January 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?