Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бенквоч: Од исплатена помош од една милијарда, само 163 милиони евра се знае дека биле потрошени за енергетика на Западен Балкан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Бенквоч: Од исплатена помош од една милијарда, само 163 милиони евра се знае дека биле потрошени за енергетика на Западен Балкан
БАЛКАН

Бенквоч: Од исплатена помош од една милијарда, само 163 милиони евра се знае дека биле потрошени за енергетика на Западен Балкан

Објавено July 24, 2025 10:24
Сподели
Сподели

Од една милијарда евра кои биле исплатени, само 163 милиони евра од средствата за итни случаи на Европската комисија може да се покаже дека придонеле за справување со основните причини за енергетската криза и унапредување на Зелената агенда за Западен Балкан, според новиот извештај на CEE Bankwatch Network.

Повеќе од две години откако голем дел од парите се исплатени, за најголем дел од трошењата и резултатите нема увид во јкавно објавени информации, пренесуваат од Екосвест.

Најавена во ноември 2022 година, буџетската поддршка од ЕУ за справување со енергетската криза на Западен Балкан имаше за цел да ги намали моменталните последици од кризата и да ја забрза енергетската транзиција. 500 милиони евра требаше да се исплатат преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, а другата половина беше предвидена како директна буџетска поддршка за помош на ранливи категории домаќинства и мали бизниси.

Деведесет проценти од буџетската поддршка беше исплатена на земјите помеѓу февруари и мај 2023 година, а останатите 10 проценти требаше да исплатата по исполнување на предвидените активности во акцискиот план со кој средствата беа одобрени. Следењето требаше да биде засновано на индикатори, а не на трошење. Европската комисија објави индикативни планови во 2022 година, но конечните усвоени верзии за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Македонија се чини дека се уште не се достапни.

Краткорочните субвенции за сметки за електрична енергија доминираа во предлог плановите, со нејасни резултати. Во Албанија поддршката покриваше само постојни шеми, додека Црна Гора и Србија обезбедија еднократни плаќања без никаков ефект на долг рок. Тие исто така вклучија мерки за „енергетска безбедност“ во нивните Акциски планови, вклучително и директно субвенционирање на фосилни горива преку набавка на залихи на нафта.

Македонија ги субвенционираше сите сметки за електрична енергија за домаќинства преку трансфери направени директно кон АД ЕСМ, наместо да ги насочи кон ранливи потрошувачи. Ова се случувапе во период кога АД ЕСМ веќе добиваше стотици милиони евра буџетска поддршка за набавки на јаглен, мазут и гас.

Сите држави планираа субвенции за изолација, енергетски ефикасно греење и/или мали инсталации за обновливи извори на енергија, но, само Босна и Херцеговина објави некакви информации за напредокот и резултатите од субвенциите. Од околу 500 милиони евра директна буџетска поддршка, Bankwatch успеа да поврзе само 41,1 милион со директен придонес кон енергетската трансформација.

„Недостатокот од јавно достапни информации за поддршката на ЕУ за справување со енергетската криза на Западен Балкан е апсолутно несфатлив. Фондови одобрени со набрзина склопени индикатори стануваат стандардни за работата на Европската комисија во регионот. Милијарди евра јавни пари се губат без јасни планови за трошење, јавни консултации, редовни известувања за напредокот и отчетност.“, изјави Давор Пехчевски од CEE Bankwatch Network, еден од авторите на анализата.

„Главниот удар од енергетската криза одамна помина, и време е владите од регионот и Европската комисија да одговорат што е направено и што е постигнато? Граѓанските организации очекуваат што поскоро да се направи детална евалуација на овој финансиски пакет во која ќе бидат вклучени сите засегнати страни, вклучително и граѓанските организации, а резултатите од оваа евалуација да бидат јавно објавени.“ дополни Елена Николовска од Еко-свест.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Пронајдени остатоците од исчезнатиот авион во Русија: Имало околу 50 патници, меѓу нив и деца, нема преживеани
Следна Статија Тасевски: Во М-НАВ се користи опрема од 1999, може да се случи „Кочани 2“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Најскапиот квадрат во Србија се продава во комплексот „Белград на вода“- 9.125 евра, најскапиот стан продаден за 955.000 евра

Во Србија според Републичкиот геодетски завод во вториот квартал годинава највисоки цени за станови се постигнати во Белград, каде што…

October 4, 2024
БАЛКАН

Сараево денеска има најзагаден воздух во светот, прогласена тревога

Владата на кантонот Сараево прогласи денес состојба на тревога поради исклучително загадениот воздух, бидејќи според податоците на Светскиот индекс на…

January 21, 2025
БАЛКАН

Ќе се намалат ли летово гужвите на граница: Грција го зголемува граничниот персонал и ќе го надгради преминот Евзони

Итна надградба на граничниот премин Евзони, со воведување дополнителни мерки што ќе ги забрзаат контролите и ќе го намалат повеќечасовното…

May 21, 2025
БАЛКАН

Вучиќ понуди Србија да биде домаќин на средбата Трамп-Путин: „Мислам дека тоа би им одговарало и на двајцата“

Вучиќ изјави дека Србија е „земјата во која Трамп има најголема поддршка во цела Европа“, нагласувајќи ја и популарноста на…

January 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?