Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бигорски манастир: Да не биде изгубено единството на нашата Света МПЦ-ОА
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бигорски манастир: Да не биде изгубено единството на нашата Света МПЦ-ОА
МАКЕДОНИЈА

Бигорски манастир: Да не биде изгубено единството на нашата Света МПЦ-ОА

Објавено June 1, 2025 10:53
Сподели
Сподели

Да не биде изгубено од вид она што е над сè: единството на нашата Света МПЦ-ОА, порача денеска во своето обраќање Братството на свештениот Бигорски манастир. До обраќањето доаѓа по собирите на верниците во Охрид и во Скопје на кои се истакна барањето епископот антаниски Партениј да биде кандидат за митрополит Дебарско – кичевски. Ова се случува откако поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан го номинираше новоизбраниот монах Георгиј за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија, што предизвика негодување кај дел од православните верници.

Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на манастирот, оттаму искажуваат благодарност до верниците што самоорганизирано ја покажуваат својата грижа и љубов кон црквата, но замолуваат во овие моменти да не биде изгубено од вид она што е над сè – единството на МПЦ-ОА. Тоа, како што се додава, е почетокот и крајот на сè, темелот врз кој почива заедништвото, мирот и духовната надеж.

-Благодарни сме што верниците, постапувајќи според својата загарантирана слобода, самоорганизирано ја покажуваат својата грижа и љубов кон Црквата. Таа грижа сведочи за нивната жива вера и за длабоката поврзаност со Црквата, како и кон нивната ревност кон црковните преданија. Но, во овој момент, со длабока љубов замолуваме да не биде изгубено од вид она што е над сè: единството на нашата Света МПЦ-ОА. Тоа е почетокот и крајот на сè. Тоа е темелот врз кој почива нашето заедништво, нашиот мир и секоја наша духовна надеж! – се потенцира во соопштението.

Се додава дека сосема е разбирливо што постојат различни мислења и чувства во Црквата, кои јавно се изразуваат.

-Секој поискусен духовник би го разбрал тоа како конструктивна дебата внатре во семејството, каде што членовите се љубат и кога мислат различно и се спорат околу нешто. Сепак, за тие теми постојат и други начини: Светиот Синод, внатрецрковен дијалог и советувања со засегнатите страни. Потоа, во духот на плурализмот кој го негува Црквата, не треба да биде исклучена појавата на јавни дебати, конструктивни дијалози, испитување на јавното мислење и слично. И сето тоа со доверба во Божјата промисла и најважно од сѐ со почит кон канонскиот поредок – наведуваат од Братството на Бигорскиот манастир.

Оттаму нагласуваат дека Во Бигорската Обител никогаш не се стремеле кон човечки височини и признанија, туку кон височините на духот.

-Зашто и највисокото место е залудно, ако не се претвори во служење и полза за Народот и Црквата. А и најскромното може да биде возвишено, ако од него извира љубов, тивка жртва и светлина. Затоа, не чувствуваме ниту навреда, ниту понижување, туку достоинство што доаѓа од живот исполнет со молитва, труд и големи дела. Нашата радост е во народот што се преобразува, во младите што се враќаат на верата, во солзите што се претвораат во надеж и во натамошниот раст на нашата МПЦ-ОА. И во тоа, тивко, но сигурно, со уште поголема жар продолжуваме! Во овие мигови, кога се очекува синодска одлука, најпотребно од сè е да ја засилиме нашата молитва, имајќи ја пред очи големата слика, а тоа е натамошниот духовен напредок на МПЦ-ОА и мирот меѓу сите нејзини чеда. Нека нашето однесување биде смирено и достоинствено, а нашата вера уште понепоколеблива – се потенцира во обраќањето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Камион се забил во авион на писта на „Хитроу“
Следна Статија Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони, Херцог го осуди вандализмот врз еврејските институции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Европската комисија официјално ја одобри Реформската агенда на Македонија

Министерството за европски прашања ја информира јавноста дека Европската комисија денеска официјално ја одобри Реформската Агенда на Македонија, што претставува…

October 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Фирмите на синот на Васко Ковачевски работеле турбо откако таткото си дал оставка во ЕСМ

Фирмите на Никола Ковачевски, синот на екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој во моментов се бара од органите на прогонот…

December 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Еве кои се пријавените кандидати за претседател на ДКСК, вкупно се 13

Тринаесет кандидати се пријавиле на огласот за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), информираат од собраниската…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Прво проверка дали сте подобни, па после ќе полагате за дозвола за оружје

Преку новата апликација за оружје, целосно е променет процесот во МВР, сега наместо прво да плаќате за обука за поседување…

November 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?