Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бизнисмен од Гевгелија ќе ,,чита книги” во библиотеката на Груевски на Бихачка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бизнисмен од Гевгелија ќе ,,чита книги” во библиотеката на Груевски на Бихачка
МАКЕДОНИЈА

Бизнисмен од Гевгелија ќе ,,чита книги” во библиотеката на Груевски на Бихачка

Објавено September 19, 2025 08:48
Сподели
Сподели

Пред два месеци, Агенцијата за управување со одземен имот, продаде два од петте стана кои беа конфискувани од екс премиерот Никола Груевски, во случајот ,,Плацеви на Водно”.

,,Фокус” тогаш доби одговор од Агенцијата по која цена се продадени становите на Бихачка, но не добивме одговор на прашањето кои се новите сопственици. Сепак, во Катастар веќе е направена промена во сопственоста на еден од становите, а вториот се уште се води на име на државата.

Па така, според податоците од Катастар, жител на Гевгелија, го купил помалиот стан на Бихачка, а кој Груевски го користеше како библиотека и работна соба. За потсетување, екс премиерот живееше во дуплекс, а ги користеше и соседните два стана на истиот спрат, од кој едниот како библиотека и работна соба.

Новиот сопственик, според податоците во Централниот регистер, е локален бизнисмен во Гевгелија.

Станот, кој го купил бизнисменот Д.С. од Гевгелија е со површина од 38 метри квадратни, а за него платил 90.000 евра. Недвижноста се продаваше по почетна цена од 44.000 евра, а наддавањето заврши за двојно поголема сума.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стразбур ќе одлучува за струшката депонија: пример за домашните судови во борбата против загадувањето
Следна Статија Поврзаноста не се мери во лајкови, туку во љубов и присуство, порача Ѓорге Иванов на Конгресот на религии во Казахстан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Не е време за пиво и скара, туку за протест за 500 евра минимална плата и 100 евра зголемување на другите плати, повика ССМ

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов најави дека работниците на 1. мај излегуваат на протест и ќе бараат зголемување на платите…

April 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Платите на судиите денеска на седница на Уставниот суд

Уставниот суд на Република Македонија денеска ќе ја одржи 28-та и последна седница за 2025 година, на која ќе бидат…

December 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен од денес на турнеја низ Западен Балкан, во среда ќе пристигне во Скопје

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен денеска од Тирана ја почнува својата тридневна турнеја низ земјите од регионот…

October 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница

На утрешната пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо…

December 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?